09 Октомври, 2024
0.0270

Каракачанов одрече дека има проблеми со правата на „таканареченото македонско малцинство во Бугарија“

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Красимир Каракачанов демантираше дека има проблеми со правата на „т.н. македонско малцинство во Бугарија“- вели во интервјуто за „Канал 5“ емитувано во неделата вечерта.

„И што точно се проблемите на човековите права на таканреченото Македонско малцинство во Бугарија“? Можете ли да ми кажете каде е проблемот?“- oдговата бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, запрашан за македонското малцинство, поточно за неодамнешниот извештај на Советот од Европа, повикувајќи ја Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство.

„Станува збор за организација наречена ОМО „Илинден Пирин“. Во Бугарија само една група луѓе зборуваат за овие прашања. Но фактите се јавни: ОМО Илинден Пирин беше формирана како организација на југословенската амбасада во 90-тите години, кога Југославија се уште постоеше. Извинете, но нема како Бугарија да признае таква организација која странска земја ... “, вели Каракачанов и беше прекинат од новинарот кој истакна дека го прашува за луѓето, а не за организацијата.

„Погледни го последниот попис во Бугарија, има такви кои рекоа дека се марсовци, ескими ... Тие се неколку илјади. Што значи да ги признаеме и нив ли? Досега зборувавме дека до 1944 нема посебна македонска нација. За какво македонското малцинство во Бугарија да зборуваме откако во Југославија се создаде македонски национален идентитет?“- одговара Каракачанов.

Тој истакна дека "Бугарија има устав и има државност од 1400 години, постои традиција", а бугарскиот устав не ги признава колективните права, правата на малцинствата, но секој граѓанин има права врз основа на тоа да биде граѓанин. Каракачанов го посочи примерот со Турците: „Во Бугарија треба да има половина милион Турци кои зборуваат турски, но тие не се признати како малцинство и имаат правата врз основа на тоа дека се граѓани“.

На забелешката на новинарот дека Македонците во Бугарија немаат право да учат на македонски јазик, Каракачанов одговори:

„Кој македонски јазик да се учи? Каков македонски јазик да учат во Пиринска Македонија или Бугарија? Овој јазик во Бугарија никогаш не се зборува, не се користи. Тоа е еден јазик, кој е создаден тука (во Македонија). Ако некој сака да го научи, тој може да го научи како англиски, германски, француски - Факултативен како другите јазици. Вклучувајќи и турски не се изучува задолжително, при тоа пак ќе кажам, имаме 500 000 Турци“, рече бугарскиот министер за одбрана, истакнувајќи дека новиот таков извештај од страна на Советот на Европа "не е проблем", бидејќи Бугарија не плука во својата историја и има национално достоинство кое не е одлучено во Советот на Европа, туку во главата и срцето на секој бугарин.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл