20 Декември, 2025
0.2842

Каратистите на „Макпетрол“ со пет медали на „Златен појас Чачак“

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2023 12:36

Добивај вести на Viber

Две златни, едно сребрено и две бронзени одличја освоија членовите на карате клуб „Макпетрол“ на годинашното издание на турнирот „Златен појас Чачак“. На овој меѓународен собир учествуваа над 2.000 спортисти од 20 најдобри репрезентации, меѓу кои беа и тие на Франција, Шпанија, Турција, Словачка и на Унгарија. Скопската екипа се претстави со 11 индивидуалци, сите во дисциплината борби. Целта беше проверка и темпирање на формата пред Медитеранското првенство во мај во Тунис.

Стефан Стојановиќ (+84 кг.) освои две злата и во сениорска и во У21-категорија. Данило Божовиќ се закити со сребро во категоријата под 21 година. Со бронзени признанија се закитија Витомир Трајковски (-84 кг.) во сениорска и Димитар Лозановски (-75 кг.) во јуниорска конкуренција. На петтата позиција како сениори се пласираа: Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Давид Петков (-67 кг.).

- Овој турнир е најсилен европски собир во сениорска и во младинска конкуренција. Имаше извонредно квалитетна и бројна конкуренција. Целта ја остваривме во целост бидејќи направивме извонредна контрола и тоа во директни борби со многукратни светски и европски шампиони. Сите наши репрезентативци кои ќе настапат на претстојното Медитеранско првенство во Тунис, покажаа задоволителна спортска форма и во оваа спортска периодизација тоа беше нашата главна цел - истакнаа од карате клубот „Макпетрол“.

Златниот појас на Чачак го освои актуелниот светски вицешампион Стефан Стојановиќ. Тој беше најуспешен натпреварувач на турнирот бидејќи успеа во две возрасни категории да освои два златни медали. На интернационалното натпреварување Стојановиќ оствари девет последователни победи, стигна до финалето во две возрасни категории и освои два златни медали. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии