Каратистите на Макпетрол успешно ги завршија првиот дел од подготовките во Подгорица за настап на светската лига во Истанбул
Објавено во: Македонија, Спорт 22 Февруари, 2021 14:05
По 5 дневните заеднички подготовки кои успешно беа реализирани во Подгорица, Црна Гора, каратистите од нашиот најдобар карате клуб „Макпетрол“ денеска се вратија во Скопје.
Бошко Заборски, стратегот на К.К.Макпетрол, истакна дека овој камп е од многу значајна улога за подигнување на моралот и спортската форма кај спортистите.
„Треба да се земе во предвид дека ние скоро една година немаме никакви настапи и заеднички тренинзи со клубови и репрезентации. Затоа ова е вистинско освежување. Во Подгорица беа присутни спортисти од Балканскиот регион меѓу кои Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово Црна Гора и Македонија. Кампот преставуваше добар тест и воедно подготовка пред нашите предвидени активности, како учеството на Интернационалниот турнир „Тузла опен“ што ќе се одржи следниов викенд, а потоа од 12 до 14 Март, прв настап организиран од страна на Светската карате федерација - турнир од светската 1 премиер карате лига во Истанбул, каде што ќе се сретнеме со светската карате елита. Тоа ќе биде одлична можност за подобрување на рејтингот и освојување нови бодови за настап на олимписките игри во Токио“ – потенцираше Д-р сц Бошко Заборски.

Репрезентативецот Петар Заборски на овие подготовки имаше дупла улога, тој беше тренер и учесник на подготовките.
„За нас како спортски колектив и за мене лично многу значи што бев повикан да бидам дел од кампот. На подготовките имав прилика да ја испробам својата моментална форма со едни од најдобрите светски натпреварувачи. Одработивме одлични спаринзи, тоа беше дел од спецификата која повеќе ни фалеше во овој дел на периодизацијата. Работевме по шест часови на ден и во многу делови ги подобривме борбените техники. Сакам да истакнам дека голема чест е да се соработува со тренерот Жарко Раковиќ, со кого ние како клуб имаме голема соработка, која успешно ја негуваме повеќе од една деценија. Ова е само почеток за остварување на нашата цел, затоа договорени се учества и соработка и во блиска иднина. Следниот камп ќе биде најверојатно во Скопје“. – додадоа од К.К. „Макпетрол.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





