23 Јуни, 2024
0.0288

Карневалска еуфорија vs.протестите во Венецуела

Објавено во: Анализа 03 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Венецуелците ја  започнаа еднонеделната прослава на националниот празник на 27 февруари. Тоа се случи наспроти незгаснатите протести во земјата, но владата на претседателот Николас Мадуро се надева дека паузата ќе направи  страстите да се смират и ќе стави крај на најлошите немири во земјата. 51-годишниот наследник на Хуго Чавез смета дека за време на традиционалниот карневал во земјата граѓаните ќе се смират, бидејќи на овој празник обично луѓето ги напуштаат градовите и се упатуваат кон плажите на карипскиот брег, за да се одморит и слават, пишува Ројтерс. 5-ти март исто така е слободен ден, бидејќи се одбележува годишнината од смртта на Чавез. Тоа значи дека Венецуелците ќе се радуваат на еднонеделниот одмор, додека власта се надева дека на овој начин ќе се стави крај на уличните протести против владата. Во главниот град Каракас за време на судирите загинаа најмалку 13 лица за еден месец. Во четвртокот атмосферата во градот остана мирна, иако опозициските активисти планираа митинг, а демонстрантите продолжија да поддржуваат дел од барикадите на улиците. "Како можеш да уживаш во карневалот, кога луѓето умираат?", гласи паролата што ја развеаја студентите. Младите инсистираат Мадуро да поднесе оставка, а незадоволството им  произлезе од високата инфлација, шокантни нивоа на криминалот, недостигот на основните прехранбени производи и наводната репресија на политички противници. Иако протестите беа претставувани како најголем предизвик за 10-месечното негово управување и најлошото од немирите за време на уличните протести против Чавез пред една деценија, нема никакви знаци дека Мадуро може да биде соборен од функцијата. Протести Околу 150 лица се повредени за време на двонеделната криза во Венецуела, а вкупно 500 се уапсени, тврдат властите. 55 од нив остануваат во притвор. Меѓу нив има претставници главно на демонстрантите, но и агенти за разузнавање и службите за безбедност, кои се обвинети за убиство на две лица во центарот на Каракас по протестите на 12-ти февруари, кои доведоа до најсериозните проблеми. Владата призна дека безбедносните сили учествувале во три од 13 смртни случаи. Властите тврдат дека околу 50 лица загинале за целиот период на протестите. Вклучувајќи ги и случаите во кои луѓе не успеале да стигнат до болница, бидејќи патиштата биле блокирани. Западниот регион на Венецуела, кој се наоѓа на границата со Колумбија, стана арена на најголемите немири, а  продолжуваат и судирите меѓу студентите и силите за безбедност. Во градот Сан Кристобал демонстрантите се издигнаа барикада во четвртокот, но војниците на Националната гарда користеле солзавец против граѓаните, но и покрај тоа не успеаја да го прекинат протестот. “Неуспех на карневалот“ Од своја страна Мадуро ги обвини политичките противници дека се обидуваат да го уништи т карневалот, полетуваше на одмор во странство, додека протестите почнаа со своето дејствување. "Јас нема да дозволам тоа. Карневалот во 2014 година ќе се одржи!", категоричен е шефот на државата. Во обид да ги смири тензиите Мадуро покани црковни и бизнис лидери, како и некои опозициски политичари на "мировна конференција" во претседателската палата во средата вечерта. Средбата беше прикажана во живо на државната телевизија, а Венецуелците имаа шанса да  види необична глетка како бизнисмените кои Мадуро често ги критикува жестоко, нарекувајќи ги капиталисти и поттикнувачи на "економска војна" против него, разговараат со самиот претседател. Присутните имаа можност да зборуваат по пет минути, а шефот на главната бизнис комора го критикуваше "неуспешниот"  економски модел на Мадуро. Главните опозициски лидери сепак не се приклучија на состанокот. Главниот лидер на опозицијата Енрике Каприлес рече дека не сака да учествува во слични средби, во кои нема знаци дека Мадуро е подготвен на сериозни отстапки или да дискутира реални проблеми. Мадуро сепак добива силна поддршка од сојузниците како Боливија и Куба и релативно пригушени критики од други земји, вклучувајќи од Чиле и Колумбија. Бразил, која латиноамериканските влади  ја сметаат како водач на континентот, се “брани“ со  молчење, бидејќи преферира Венецуела да го реши сама проблемот. Движењето "The Exit", што бара оставка на Мадуро, изгледа губи на интензитет и на обичните граѓани не им нуди конкретно решение, филтер од нивната исклучителна фрустрација , социјалната и економската криза во земјата, пишува Latinnews. "Изгледа нема план Б", посочува весникот. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите