31 Март, 2025
0.1963

КАРПОШ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ТРОТИНЕТИ И ВЕЛОСИПЕДИ: Стартува од понеделник, прв дојден, прв услужен!

Објавено во: Македонија 18 Март, 2022 13:24

Добивај вести на Viber

Од понеделник општина Карпош ќе ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари.

Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 21.03.2022 година.

Притоа, жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција за оваа намена или пак добиле средства од Град Скопје за тековната година, немаат право да учествуваат по јавниот оглас.

„Апликантите за субвенции треба да ги приложат следниве документи:

-  Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети,

-  Изјава за согласност за обработка на лични податоци,

-  Лична карта (фотокопија),

-  Трансакциска сметка (фотокопија),

-  Фискална сметка за купен велосипедили електричен тротинет, кој е купен не порано од 21.03.2022 година (понеделник).

Барањата со комплетната документација се доставуваат (физички) до архивата на Општина Карпош или пак, по електронски пат преку мобилната апликација М-заедница (достапна за IOS и Android), како и на веб страницата mzaednica.mk при што е потребно секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен  на соодветното место.

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед и електричен тротинет. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно. 


Можеби ќе ве интересира

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир