КАШКАВАЛОТ И МЛЕКОТО ПОЕВТИНИ ВО ГЕРМАНИЈА – Ама цените на свежо овојшје и зеленчук многу повисоки, еве како се движат
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2023 09:14
Ценовниот притисок не ги избегна ниту потрошувачите во Германија, каде инфлацијата исто така изврши силен притисок, но се чини дека и покрај високите примања, цените на голем број продукти се слични, но има и поевтини од оние во Македонија.
Иако имаат висок стандар Германците не одвојуваат голема сума од платата само на храна, благодарение на фактот што имаат пристапни цени за сите. Секако, изборот е голем, па има и продукти кои се продаваат по многу повисоки цени, но доколку се земат пониските цени, има продукти, меѓу кои млекото и кашкавалот кои се продаваат по пониски цени од Македонија.
Цената на килограм тетрапак млеко со 3,5 отсто масленост се продава по цена од 0,85 до 0,99 евра, што всушност е малку помалку од 60 денари.
Кашкавалот исто така има примамлива цена, но овој продукт во големите маркети низ Германија, особено Лидл, Алди и Кауфленд се продава во пакувања од 200 до 400 грама. Сепак, цената на кашкавалот грубо се движи околу 7 евра за килограм, што е околу 420 денари.
Но, има и ситуации
кога може да се купи кашкавал и по 5 евра за килограм, но тоа се маркети кои продаваат
на поголеми количини.
Што се однесува пак до месото, цените исто така се пристапни. Цело пиле чини 7 евра по килограм, пилешки крилца 7 евра по килограм, мисиркин бут се продава по 4,77 евра за килограм, а свинското месо варира во зависност од типот, па цените се околу 10 евра по килограм за кременадли, 7 евра за помрсно свнинско месо од вратот...
Лососот се
продава по цена од скоро 20 евра за килограм, додека Ципурата по 14 евра за
килограм.
Сирењето од друга страна се продава по повисока цена. Најевтините пакувања се во лименка, вообичено помалку солени од македонските сирења и се движат со почетна цена од 7 евра по килорам.
Што се однесува
до овошјето и зеленчукот, за пониски цени може да се најдат само дел од јужните
овошја, како бананите и лимунот, кои овој период се продаваат по цена од 1,20
евра за килограм, но достигнуваат и до две евра по килограм. Грубо најголем дел
од овошјето се продава по цена од 3 евра за килограм, само јаболките се движат
околу 2,20 евра.
Слична е состојбата и со зеленчукот, краставиците се продаваат по парче, околу 0,59 центи за една краставица, цвекло исто така парче е 0,59 центи. Морковот и зелката се поевтини, па морков се наоѓа и две килограми пакување за две евра, додека зелката од 1,30 по килограм па нагоре.
Пиперките се вистинско богатство, и чинат од три евра по килограм нагоре, зависно од типот на пиперките, а слично е и со доматите. Модар домат чини 1,59 по килограм, додека тиквиците чинат 2,40 за килограм.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




