25 Април, 2024
0.0895

КАСНАТИ ОД КУЧЕ ИМА СЕКОЈ ДЕН - Град Скопје уште ги средува „апартманите“

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси и да нема да помине ден во кој некој од граѓаните на главниот град не е каснат од куче скитник.

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно регистрира случаи во кои граѓаните, во локалните полициски станици пријавуваат дека биле каснати од куче скитник. Вчера каснување имало дури и од куче кое било водено на синџир, што значи дека станува збор за домашен миленик.

Ова говори дека и натаму не е решен проблемот со огромниот број кучиња скитници, кои, како што зборуваат конкретните случаи, не ретко ги напаѓаат граѓаните и внесуваат страв кај нив.

Ваквите инциденти особено се случуваат наутро, или навечер, кога во близина нема кој да им помогне на граѓаните што се нападнати од скитници. Тие, пак, најчесто можат да се забележат во големи глутници.

Фактор го праша Град Скопје кога конечно ќе се најде решение за овој голем проблем, за што беше ветувано дека ќе биде надминат уште одамна. 

Оттаму тврдат дека се работи на системско решавање на проблемот. Набројуваат повеќе активности што ги спроведуваат, но се уште нема конкретен одговор кога точно овој проблем барем малку ќе биде ублажен.

„Градот Скопје работи на системско решавање на проблемот со бездомните кучиња, во соработка со останатите државни институции. Изминатиов период објектот на стационарот ‚Вардариште' премина во надлежност на новото јавно претпријатие ‚Лајка'. Истото, во целост ќе ги преземе активностите за заловување на кучињата скитници, тестирање, прочистување од внатрешни и надворешни паразити, стерилизација, кастрација, ветеринарна грижа, микрочипирање и обележување со ушна маркица, лекување, груминг, како и постапки за вдомување од заинтересираните граѓани“, објаснуваат за Фактор од градот Скопје. 

Во моментов, како што нагласуваат, во стационарот „Вардариште“ се прави целосна реконструкција на двата објекти, се демонтираат веќе постојните метални боксови и елементи, се прави реконструкција на кровот и се поставува изолација и фасада, која воопшто ја немало досега. Додаваат и дека успеале во постоечкиот објект, освен ветеринарна амбуланта, да обезбедат и административен дел, каде што вработените би можеле во достоинствени услови да одговорат на своите работни задачи. Паралелно, детално се расчистува и околината, каде што е предвиден парк за кучиња, терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња, како и нов пристапен пат.

„Во моментов сите активности се во финална фаза и новата приказна на градот ќе биде во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни. Со реконструкцијата и проширувањето на стационарот, покрај подобрувањето на условите, ќе се зголеми капацитетот од 81 внатрешен бокс - на 100 внатрешни апартмани за кучиња, со подно греење. Дополнително во изградба се и 60 надворешни боксови за кучиња, со што капацитетот е двојно зголемен“, тврдат скопските локални власти.

Од Град Скопје ветуваат и дека во наредниот период ќе ја презентираат новата програма за хуман третман на кучињата скитници, која ќе гарантира намалување на нивниот број низ улиците, како и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Во однос на самите бездомни кучиња, тврдат, еден од главните причинители на зголемувањето на нивниот број, е неодговорното сопствеништво. 

„За таа цел, Агенцијата за храна и ветеринарство започна со кампања за бесплатно чипирање на кучињата, каде секое куче кое има сопственик, ќе биде чипирано и внесено во регистар на домашни миленици. Сопствениците имаат обврска да го пријават секое движење на миленикот (доколку тој се загуби, го дадат на друг сопственик или ако угине) кај својот матичен ветеринар. Исто така, сопствениците кои ги користат своите миленици за репродукција, имаат обврска да го пријават леглото кај својот матичен ветеринар, да ги микрочипираат и регистрираат кученцата пред да ги вдомат, како и да ги пријават лицата кои ги вдомиле“, објаснуваат од општината.

Фактор ја праша и Агенцијата за храна и ветеринарство што е сработено околу кучињата скитници. Од таму велат дека во соработка со локалните самоуправи, активно работат на создавање услови за решавање на повеќегодишниот проблем со бездомните кучиња.

Од АХВ велат дека за овој голем проблем се надлежни општините во земјава.

„Општините имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња, а инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство прават контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програма за контрола. Во надлежност на Агенцијата е и одобрувањето на прифатилиштата за бездомни животни на локалните самоуправи, кои треба да бидат во согласност со законските одредби за здравствена заштита и благосостојба на животните“, велат од АХВ.

Во соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, почнувајќи од септември 2018 година, АХВ, кко што потенцираат, ја спроведе акцијата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици, за што беа обезбедени 100 илјади микрочипови. Чиповите им биле поделени на ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори за вршење на работи од јавен интерес.

„Во модулот за домашни миленици во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата, досега се евидентирани 74.260 миленици, и то 71.076 кучиња, 3.183 мачки и 1 ласица“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Додаваат и дек во текот на 2018 и 2019 година одобрени се шест прифатилишта за кучиња во Велес/Чашка, Прилеп - ЈКП Комуналец, Штип, Демир Хисар, Кичево и Тетово.

„Од пристигнати 61 Програми за одобрување на контрола на популација на бездомни кучиња, одобрени се 37 програми. До 2017 година не беше одобрена ниту една програма“, тврдт од АХВ.

Инаку, Град Скопје му исплаќа од 1.000 до 3.000 евра отштета на граѓанин кој е каснат од куче скитник, а најчесто во судските постапки кои ги покренуваат „жртвите“, градот е странката која губи. Нема информации колку судски постапки се покренати и колку пари од градскиот буџет ги чини ова обесштетување. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг