КАТАКЛИЗМА: Потопени градови, Сава носи се пред себе!
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2014 08:24
Уште една ноќ помина во евакуација и поставување на насипи по должина на реката Сава. Според информациите на српските медиуми иако нивото на реката конечно стагнира, сепак таа е закана за населените места по нејзината должина. Се најавува евакуација на жителите на уште шест села.
Еве, хронолошки што се случуваше во изминатото деноноќе:
17 часот и 37 минути “БЛИЦ“:
“Многу луѓе и натаму се јавуваат во редакциите на белградските медиуми и молат за помош. Се верува дека голем број на граѓани се зарбени во своите домови.
Последните информации упатуваат на тоа дека браната во Баровиќ пукнала, по што е наредена итна евакуација.
Владата на Србија отвори денарска и девизна сметка за помош, особено се надева на странската помош.“
16 часот и 06 минути “БЛИЦ“
И познатите личности во Србија се вклучија во битката со катастрофата. Манекенот Владо Вуксановиќ беше меѓу доброволците кои заминале да помогнат во Обреновец.
“Се наоѓам во Обреновец, на влезот кај Звечка. Итно ни е потребна помош! По четири часа успеав да добијам линија на мобилен телефон и кој знае кога следен пат ќе успеам. Страшни работи се случуваат. Нема доволно чамци за извлекување на луѓето. Нема ниту доволно луѓе за помош, спасувачи, пожарникари. Чамците се најпотребни“ – апелираше Вуксановиќ.
18 часот и 40 минути“Е-НОВИНЕ“:
Од правецот на Бариќ кон Белград се движи голема колона на возила на граѓаните кои се евакуираат со сопствени превозни средства. Стотина луѓе од Умк ќе бидат сместени во основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ во тоа населено место. Во местото Умк полицијата го затвори патот што води кон Обреновац, односно Барич од каде се евакуираат граѓаните. Се пропуштаат само автобусите за евакуација како и механизацијата за борба против поплавите.
Во доцните попладневни часови Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти :
“Барич е успешно евакуиран, а базните постројки се под контрола. Место за паника нема“ - соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
20 часот и 02 минути РСТ:
Училиштата , музеите, храмови претворени во места за собирање на хуманитарна помош. Се мобилизираше и интелектуалната и уметничката елита на Белград. Во музеите се собира помош.
Преку социјалните мрежи учениците од Белград организираа хуманитарна акција за храна, вода и средства за хигиена.
“Собравме многу облека, конзервирана храна, вода, ни се поребни ни с есредства за хигиена и пластични чаши, чинии и прибор за јадење“ – изјави една ученичка од Белград.
И на север и на југ солидарност и помош стасува и од Нишлиите и од Врањанците.
“Донесов пакет со облека за деца и еден куфер со облека за возрасни“ – изјави една жена, жител на Ниш.
“Еве, носам летен јорган, бидејќи апелираа да се донесе тоа. Малку конзервирана храна и средства за лична хигиена“ – изјави низ солзи друга нишлијка“.
Сега нов апел до граѓаните, на местата каде што се собира помош да се донираат свеќи, лампи. Осветлувањето е непходно за да се продложи со акциите за одбрана од поплавите.
Србија допрва ќе ги проценува материјалните штети.
А.Д.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




