КАТаклизма судство, шарените со масовна поддршка за СЈО
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Голем протестен собир организараа демонстрантите од „Шарената револуција“, а нивниот повик го послушаа неколку илјади граѓани со цел да ја изразат својата поддршка за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за која сметаат дека цела недела се води црна кампања за да се дискредитира нејзината работа.
На протестот пред Собранието на Република Македонија беа упатени повеќе пораки против владејачката гарнитура и правосудните институции кои ја кочат работата на СЈО избегнувајќи кривична одговорност.
КАТАклизма судство посакаа демонстрантите со цел што повеќе предмети предводени од Катица Јанева да бидат процесуирани за да има правда и мир.