18 Декември, 2025
0.4117

Каталонскиот референдум ќе мора да чека одлука од Уставниот суд – може да трае со години!

Објавено во: Свет 30 Септември, 2014 09:45

Добивај вести на Viber

Референдумот за независност на Каталонија, по моделот што веќе го примени Шкотска, е суспендиран. Уставниот суд, на барање на централната Влада во Мадрид донесе ваква одлука на итен состанок. Шпанските власти бараат од судот да го прогласи референдумот за незаконит, бидејќи го крши Уставот на Шпанија. Со одлуката на судот да го разгледува случајот, автоматски се суспендира правото за одржување на референдумот. Процесот би можел да трае со години, затоа што практично нема краен рок до кога Уставниот суд треба да се изјасни. Сепак, во центарот на Барселона веќе е поставен голем часовник кој одбројува до 9 ноември, датумот кога требаше да се одржи референдумот за отцепување. Каталонскиот претседател Артур Мас вели дека гласање ќе има. „Процесот не завршува со одлуката на Уставниот суд... наша задача е да гласаме на 9 ноември“, вели и Ориол Хуннкерас, првиот човек на Републиканската левица, партијата која најгласно се залага за отцепување на најбогатиот шпански регион. На гласање се повикани 5,5 милиони избирачи постари од 16 години, а трошоците за организација на референдумот се проценети на 8,9 милиони евра. Политичките аналитичари очекуваат дека Мас по одлуката на Уставниот суд ќе свика вонредни избори, за да ја зајакне неговата иницијатива, но тој сепак не дава никакви навестувања дека е подготвен да отстапи од идејата за референдум. Изјаснувањето за самостојност го поддржуваат големо мнозинство од Каталонците, покажуваат анкетите, и тие се охрабрени од тесниот резултат што по ова прашање беше постигнат во Шкотска. Додека во Мадрид заседаваше Уставниот суд, Мас во Барселона  ја претстави „Белата книга“, документ во кој прецизно се наведуваат чекорите што ќе ги преземе Каталонија доколку граѓаните изберат независност. Документот се состои од 18 поглавја за одбраната, социјалната сигурност, трговските односи и финансиската одржливост на каталонската држава, како и за интеграцијата во ЕУ и меѓународната заедница.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва