28 Септември, 2024
0.0254

КАТАР: Малата пустинска империја господари со големиот европски бизнис?

Објавено во: Анализа 25 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Катар навистина зазема сосема мала територија, малку поголема од Јамајка. Околу два милиони луѓе живеат во малиот емират, 80 проценти од нив се гастарбајтери. И сепак малата пустинска држава е на пат да стане економска суперсила. Бидејќи земјата со најголем бруто домашниот производ по глава на жител ги користи своите петродолари, за да купува влијание во светски рамки. А последното освојување на катарците е доста солидно - Deutsche Bank, пишува во својата анализа Handelsblatt. Со вкупно околу 8 милијарди евра Катарските шеици влегуваат во најголемата финансиска институција во Германија. Првично тие ќе се здобијат со акции за вкупно 1,75 милијарди евра во вредност од 29,20 евра секоја. Во јуни тие сакаат преку емисија за издавање на права да се здобијат со дополнителни акции во вредност од 6,3 милијарди евра и така да го зголемат својот удел до околу шест проценти. На овој начин шеиците би го замениле финансискиот инвеститор BlackRock како најголем акционер на Deutsche Bank и ќе се претворат во еден од најмоќните инвеститори во Германија. Официјалниот инвеститор Paramount Services Holdings е сопственост на катарец со звучно име Хамад бин Касим бин Џабер Ал-Тани, кој во текот на долго време беше член на владата на Емиратите во Персискиот залив. До 2013 година тој го водел државниот инвестициски фонд Qatar Investment Authority (QIA) - еден од главните инструменти на власт на шеици со инвестиции во износ од 170 милијарди долари. Затоа и влегувањето во Deutsche Bank има и свој политички аспект. Катар изигра со инвестицијата двојна стратегија. Од една страна, шеиците сакаат да ги подготват подобро Емиратите за иднината, ако во некој момент нафтата почне да се намалува. Од друга страна, Катар сака да го зголеми своето политичко влијание преку соработка со европски фирми. Безбедноста на Катар треба да биде тесно интегрирана со безбедноста на клучните германски индустрии. Малата пустинска држава треба да стане позната во целиот свет, и тоа не само како земја домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година. " VW, Porsche, Hochtief, Siemens, BASF, имаме многу инвестиции во Германија ", изјави Бин Касим бин Џабер Ал - Тани за време на Економскиот и инвестициски форум во Берлин во 2013 година. Тој е и човекот кој го раководеше влегувањето на Катар во автомобилскиот производител Volkswagen во 2009 година преку државната инвестициска компанија Катар учествуваше во стекнување на VW од Porsche и во самиот Porsche Holding, како и во Volkswagen. Од Porsche Holding шеиците веќе ја повлекоа инвестицијата, но во производителот на автомобили VW тие сеуште држат 17 проценти од акциите, на овој начин се меѓу најголемите акционери на производителот заедно со провинцијата Долна Саксонија и Porsche Holding . Досега секогаш шеиците се јавуваат за германските компании како "витези во сјаен оклоп", ги спасуваат во тешки моменти, и инвестираат претежно во клучните индустрии. Преку државната технолошка компанија Qatar Solar Technologies Катар држи 29 проценти од германската компанија за соларна енергија SolarWorld. Особено во финансискиот сектор шеиците чуваат во Европа и други важни учества. Во швајцарскиот банкарски игант Credit Suisse катарците се втор по големина акционер. Во моментов шеиците преговараат со италијанската Monte Dei Paschi за влез во банката. А во Велика Британија во 2008 година тие го спасија банкарскиот гигант Barclays од национализација. И до денес властите ги испитуваат сомнителни исплати во оваа врска. Боб Дајмонд , Џон Варли и други високи личности од поранешниот менаџмент на Barclays ќе бидат сослушани од страна на британската анти-корупциска служба Serious Fraud Office која ја забрзува истрагата за потенцијално мито во договорот со Катар за итната ликвидна инјекција од 2008 година. Британскиот финансиски регулатор сака да наметне парична казна од 50 милиони фунти на банката, кој пак оспорува, поради тоа што не платиал данок за 322 милиони фунти, платени на катарските инвеститори во 2008. Со оваа сума вкупниот износ на надоместоците и провизиите, добиени во 2008 година од инвеститори во Катар, достигнуваат 450 милиони фунти. Но катарците се активни не само во финансискиот сектор - во 2010 година тие ја добија познатата лондонска стоковна куќа Harrods за 1,8 милијарди евра. Листата се дополнува во Франција - во француската енергетска компанија Total Катар учествува од минатата година со удел од три отсто, во медиумската група Lagardère Емиратите држат 13 отсто, а синџирот стоковни куќи Printemps исто е сопственост на шеиците. Дури и францускиот фудбалски шампион ПСЖ си дозволува врвни ѕвезди, како шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, со петродоларите на Катар. Во несигурни времиња катарците се сметаат за трпеливи инвеститори. Сепак тие очекуваат нешто за возврат. Со својата инвестициска поделба QIA шеиците очекуваат од сите поделби среден поврат од 17 проценти. Според податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) странските инвестиции на Катар изнесуваат 136 милијарди евра. Со парите што ќе ги заработат од своите инвестиции, шеиците исто така можат да го зајакнат своето политичко влијание во регионот. Сунитското кралско семејство на Катар го подржува финансиски Муслиманското братство во Египет. И бунтовниците, кои се спротивставија на либискиот лидер Гадафи, радикалната палестинска организација Хамас и сириските борци против Асад се поддржуваат со пари и оружје од Катар. Покрај тоа водечкиот канал во арапскиот свет, Al Jazeera, е со седиште во Катар. К.К.