Катастар ги објави цените за вториот квартал: Голем пад на закупите во Центар, Аеродром и Карпош, газдите ги губат кираџиите
Објавено во: Економија 21 Јули, 2020
Агенцијата за катастар го објави цените и потрошените суми за закупи и продажби на недвижен имот за вториот квартал од 2020 кој се совпаѓа со корона-кризата во Македонија, а според кој се забележува голем пад на кириите за станбен простор, како и вкупните пари платени за ова тромесечие.
Во Аеродром цената за станови во однос на периодот јануари, февруари и март се намалила од 213 на 154 денари во просек платени по метар квадратен за месечна закупнина. Карпош падна од 234 на 212 денари, Ѓорче Петров од 176 на 153, додека во Гази Баба од 213 на 182. Единствено Центар, Охрид и Битола успеале да ги зголемат своите кирии.
Од 153 стана изнајмени во Центар, бројката за три месеци паднала на 65. Од 76 во Карпош паднала на 25. Аеродром, кој исто така има 76 стана за изнајмување, барем официјално, паднал на само 21 под кирија. Кај Кисела Вода тие паднале од 37 на 18. Кај другите градови, во Битола бројката паднала од 36 на 19.
Од регистрирани 2.223 закупи во јануари, февруари и март, бројката е падната на само 876 пријавени договори за кирии во април, мај и јуни. Од нив безмалку половина биле само во месец јуни. Ако во првиот квартал за наемнина биле платени 49,7 милиони денари, во вториот следува сума од само 19 милиони денари.
Од 7.158 трансакции за купување на недвижнини и закупи во првиот квартал, во вториот квартал следува пад од само 4.073. Купувањето на нови градби од инвеститор останува стабилна со мал пад од 719 на 681. Сепак вкупниот број на продажбите на станови, куќи, деловни простории и плацови е падната од 4.935 на 3.197. И сумата на продажби останува стабилна со мало намалување од 9,32 милијарди на 7,37 милијарди.
Најголем пад во купопродажбите од сите типови на градби има кај становите од 5 на 4,1 милијарди денари.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.