25 Мај, 2024
0.0281

Катастрофална априлска наплата на сметките за струја во Македонија

Објавено во: Економија 04 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Европската енергетска заедница во својот вонреден извештај објавен на 28 април известува дека електричниот сектор, односно наплатата на сметките за потрошена електрична енергија, е најпогоден во Македонија од кризата која ја повлече епидемијата.

ЕЕЗ е информиран од универзалниот снабдувач дека стапката на наплата е намалена за 31 отсто во првата недела од април во однос на истиот период еден месец претходно. И покрај намалувањето на планираниот приход од околу 30 отсто, операторот ги исплаќал своите обврски за март 2020 година кон сите инволвирани страни во синџирот на снабдување, меѓу кои и кон производителот АД ЕСМ како државно јавно претпријатие.

„Со цел да се спречи натамошно намалување на стапката на наплата и обезбедување на финансиска ликвидност, ЕВН Хоум аплицираше за кредит кај пет домашни банки и Европската банка за обнова и Развој (ЕБОР) во вкупен износ од 40 милиони евра. ЕВН Хоум официјално ја информираше Владата за негативното влијание на кризата врз финансиската ликвидност на компанијата и поднесе барање за намалување на исплатата на своите обврски кон производителот на електрична енергија АД ЕСМ во април 2020 година“, вели ЕЕЗ во својот извештај.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) издаде препорака до операторот потрошувачите да не се исклучуваат поради неплатени сметки за електрична енергија за време на вонредна состојба. Клиентите кои претходно беа исклучени заради неплатени сметки, повторно се приклучени по појавата на кризата. Понатаму, РКЕ се усогласи со универзалниот снабдувач да им понуди на клиентите погодени од кризата, односно на оние со минимални примања, опција да ги плаќаат своите сметки за електрична енергија за март, април и мај 2020 година на рати и без камата за задоцнета исплата. 

Според извештајот што минатата недела го објави Секретаријатот за финансиска ликвидност во секторот електрична енергија, падот на стапката на наплата на фактурите се движи од 10 до 30 отсто во март 2020 година во повеќето земји од регионот, а најсилен претрпен удар има во Косово и Македонија. Прелиминарните податоци за април 2020 година покажуваат понатамошен остар пад. Од друга страна, во некои земји политиките за помагање и убедување да се плаќаат сметките вродија со плод, па така во Грузија и Албанија наплатата се зголемува.

Во наредните месеци се очекува компаниите да се соочат со дополнителен притисок во напорите да ја задржат финансиската ликвидност заради неплаќањето на сметките и каматите, пониска потрошувачка и замената на индустриската со домаќинската електрична енергија, која е поевтина.

Секретаријатот на ЕЕЗ информира дека националните снабдувачи се соочуваат со непосреден ризик од недоволен обрт на средствата, па морале да влезат во преговори со комерцијалните банки и меѓународни финансиски институции за дополнителни заеми или пак бараат поддршка директно или гаранција за комерцијални заеми од националните влади.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра