Катерина Бачева доби признание „Најдобар млад научник“ за 2012
Објавено во: Економија 08 Март, 2013 13:55
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на свечена церемонија, по трет пат го додели признанието „Најдобар млад научник“ за врвни научни достигнувања. Носител на признанието за 2012 година е Катерина Бачева за научно-истражувачка работа во областа на аналитичка хемија и хемија на животната средина, со посебен акцент на испитувањата на загадувањето на животната средина во Македонија со тешки метали.
Претседателот Иванов истакна дека изборот на најдобар млад научник придонесува кон развојот на младата македонска научна мисла, а покажаната креативност и постигнувањата на младите научници не охрабруваат да заклучиме дека Република Македонија има голем потенцијал во сите научни области.
Честитајќи и на Бачева за признанието, претседателот Иванов истакна дека темата на која е посветена нејзината истражувачка дејност, здравата животна средина, е од суштинска важност не само во нашата земја, туку и во светот.Катерина Бачева е родена 1984 година во Кавадарци, а своето образованието Магистар по хемиски науки го стекнала на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2010 година Бачева е демонстратор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, а во 2011 е прифатена за изработка нејзината докторска дисертација на тема „Дистрибуција на тешки и токсични метали во примероци од животната средина во околината на рудникот Алшар”.
Бачева е автор на две монографии и има објавено 20 научни трудови, од кои 11 во списанија со фактор на влијание. Зад себе има и 28 презентации на научни собири, од кои 13 на меѓународни научни собири.Нејзината научно-истражувачка работа е од областа на аналитичка хемија и хемија на животната средина со посебен акцент на испитувањата на загадувањето на животната средина во Репубика Македонија со тешки метали, посебно на воздухот, водите и почвите, со примена на современи инструментални техники како што се атомската апсорпциона спектрометрија и атомската емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма. Катерина Бачева е воедно член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и на Македонско еколошко друштво.
Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања, претставува традиционална манифестација, чија цел е стимулирање на развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




