28 Октомври, 2024
0.0251

Катерина Димитровска од EasyPlatform: Интерактивните рекламни формати ги одвојуваат нашите клиенти од конкуренцијата

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

EasyPlatform е интерактивна рекламна платформа која успешно функционира на пазарите во Македoнија и Бугарија. Со сет од алатки за управување и таргетирање, кои даваат можност на огласувачи и медиуми да ги објавуваат, контролираат и пратат своите онлајн рекламни кампањи, EasyPlatform се докажа на македонскиот пазар како платформа, која е едноставна за користење, а воедно со тоа поседува и моќни функционалности кои гарантираат импресивни резултати.

За новитетите околу услугите на EasyPlatform и нивната примена на македонскиот пазар, разговараме со Катерина Димитровска, регионален менаџер на EasyPlatform.

- Во EasyPlatform сте веќе долго време, може ли да ни раскажете малку повеќе за вас?

- EasyPlatform е дел од мојот професионален пат како маркетинг менаџер од самиот почеток во веќе далечната 2007ма година, кога и јас и платформата “проодувавме” во светот на дигиталниот маркетинг. Денес, Easyplatform продолжува да биде дел од проектите, кои ги водам во Македонија и сум навистина среќна затоа што прераснавме во фактор во дигиталното огласување, а јас се стекнав со огромно и незаменливо искуство.

- Зошто EasyPlatform? Во што се разликува од останатите платформи за онлајн рекламирање?

- Технолошката инфраструктура на EasyPlatform одговара на најсовремените стандарди за ефикасност, точност на прикажување и мерливост на резултатите. Методологијата за оптимизација на рекламите, можностите за управување и таргетирање, како и деталните извештаи во реално време ја прават платформата преферирана алатка за работа на голем број огласувачи. Дополнително, голема предност на EasyPlatform е флексибилноста и можноста за стартување на масивни рекламни кампањи во рамки на само неколку минути. Исто така, располагаме со професионален тим за поддршка, кој е тука за да им помогне на нашите клиенти во секој дел од користењето на платформата – од креативна идеја, па се до реализација и изготвување на анализа за ефектот од рекламната кампања. Целта ни е да изградиме долгорочна врска со секој клиент и токму затоа фидбекот кој го добиваме ни е од особена важност. Нашите клиенти ја определуваат како највпечатлива опцијата за рекламирање со интерактивни банери, кои освен тоа што се иновативни, даваат и одлични резултати и им помагаат да бидат чекор пред конкуренцијата, а доста преферирана е и опцијата за рекламирање со видео реклами кои самите клиенти може да ги создадат за неколку секунди преку вметнување на видео од YouTube.

- Со што се разликуваат овие интерактивни банери од стандардните банери, кои се познат и класичен формат за огласување?

- Рекламирањето со интерактивни банери им овозможува на нашите клиенти неограничена креативност и двонасочна комуникација со корисниците. Опциите за разработка се неограничени - во димензиите на еден банер може да се имплементира игра, видео, секаков вид на калкулатори, таргетирани производи или огласи па дури и мини верзија на цел веб-сајт. Освен неограничените функционални опции, огромната предност на овој рекламен формат е можноста за мерливост на секој еден функционален дел од банерот. За време на кампањата, ние ги мериме не само кликовите и импресиите на банерот, туку и сите останати акции врз него – стартување на видео, играње на игра, клик на било кој од многуте линкови во самиот банер итн. Сето тоа им дава на нашите клиенти можност да ги анализираат податоците и да ги оптимизираат сите наредни рекламни активности.

-  Како се справувате со предизвиците кои ги носат постојаните промени во светот на дигиталниот маркетинг?

- Навистина, дигиталниот маркетинг постојано се менува и единствениот начин да се биде во чекор со тие промени е постојаната едукација и имплементација на нови канали и формати на рекламирање. Но, тоа што не се променило низ годините, и според мене е клучот за успехот на една рекламна кампања, е правилното дефинирање на маркетинг миксот и првилното таргетирање. Соодветните алатки за тоа се менуваат, доаѓаат нови трендови, други си заминуваат. Наша работа е да ги препознаваме потребите на клиентите и да реагираме професионално на нив.

 - Кои се според вас потребите на пазарот во Македонија во однос на развојот на дигиталниот маркетинг и кои трендови сметате дека ќе продолжат да се актуелни и ефективни и во наредната 2025-та година?

- Во нашиот пристап со клиентите, секогаш пред да разговараме за трендови, ние правиме една анализа на постоечката структура и дигитални алатки кои ги има на располагање клиентот. Затоа што доколку се нема потполно функционален веб-сајт, изградени профили во социјални мрежи и некаква основна дитигална стратегија, нема голема смисла да се инвестира еднократно во било какви трендовски решенија. Кај нас одамна веќе имаме компании, кои одлично ја имаат изградено својата дигитална стратегија. Но, имаме и огромен дел на бизниси кои не знаат како да го направат тоа и честопати сметаат дека сами може да ги решат своите потреби од дигитални маркетинг решенија, но тие обиди најчесто се неуспешни. Друго, што сметам дека останува во сенка е важноста на анализирањето на податоци – од моментот на планирање на кампањата (анализа на посетуваност, анализа на одредена таргет група, анализа на влијание на инфлуенсер и други) до анализа на постигнатите резултати – опфатеност на таргет групата, резултат врз brand awareness, зголемување на продажби итн. Дигиталниот маркетинг е еден од малкуте сегменти на маркетингот која дава можност за детална анализа на сработенотои тоа е предност, на која треба да се обрати поголемо внимание. Во светски рамки, приближувајќи се до новата 2025-та година, трендовите поврзани со дигиталниот маркетинг ќе продолжат да бидат ориентирани околу имплементација на AI решенија и персонализација, но за овој тренд да биде масовно прифатен кај нас, сметам дека ќе биде потребно многу подолго време.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ШК Алкалоид Европски Вицешампион!

ШК Алкалоид Европски Вицешампион!

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“