28 Октомври, 2024
0.0237

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година. НЛБ Банка оствари нето - добивка во износ од44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 6,9 % и раст на депозитите од8,1 % споредено со истиот период претходната година.

Позитивните деловни перформанси на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари. Воедно, успешното работење на Банката е и резултат на внимателно управување со ризиците, оперативната ефикасност, како и постојаната посветеност за подобрување на корисничкото искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.

Во деветте месеци од годинава, НЛБ Банка реализираше и поддржа низа општетствено одговорни проекти и активности од областа на спортот, културата и традицијата, образованието и финансиската едукација, помош при катастрофи и поддршка на ранливи и маргинализирани групи.

Во споменатиот период започна втората сезона на проектот за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“, а Банката и годинава застана зад годишната програма на „Специјалната Олимпијада“, но и зад многу професионални спортски клубови и федерации. Традиционално, НЛБ Банка ги поддржа Галичка свадба, Охридско лето, Скопскиот џез фестивал и низа други проекти значајни за заедницата.

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ШК Алкалоид Европски Вицешампион!

ШК Алкалоид Европски Вицешампион!

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

ТИТАН УСЈЕ – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

Катерина Димитровска од EasyPlatform: Интерактивните рекламни формати ги одвојуваат нашите клиенти од конкуренцијата

Катерина Димитровска од EasyPlatform: Интерактивните рекламни формати ги одвојуваат нашите клиенти од конкуренцијата

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

Билјана Герасимовска: Книгата „Бубрег и бременост“ ќе биде од корист на докторите при следење на бремените пациентки со бубрежни заболувања

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

„Аџибадем Систина“ водечки кардиохируршки центар во регионот: Проф. Д-р Николиќ: нашата цел е секогаш да го обезбедиме најдоброто за пациентитe

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

Уште една успешна година: dm drogeriemarkt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ПОСТИГНАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА, ИНКЛУЗИВНОСТА И РЕЛЕВАНТНОСТА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ“