26 Мај, 2024
0.0474

КАТИМЕРИНИ: Договорот од Преспа оспорен во предизборието

Објавено во: Македонија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Грција со внимание ја следи изборната дебата во Македонија.

Грчкиот весник „Катимерини“ ги пренесува пораките на лидерите на власта и на опозицијата околу Преспанскиот договор.

Весникот вчера објави текст под наслов: „Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија“, во кој се пренесуваат пораките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, изнесени во телевизиска дебата на Канал 5, која што што се одржа деновиве во рамките на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во земјата. 

Лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер, ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата.

Весникот наведува дека Димитар Ковачевски изразил загриженост поради одбивањето на лидерот на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го користи уставното име на земјата.

„Ковачевски рече дека ова одбивање може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа од 2018 година, со кој, со поддршка на ОН, се смени името на Поранешна Југословенска Република Македонија во Северна Македонија“, додава весникот Катимерини, кој ја пренесува и изјавата на Мицкоски кој вели : „За мене Македонија е и ќе остане Македонија. Моите предци би биле горди на мене за она што го правам за мојот народ и за мојата земја“.

Како што оценува грчкиот весник, последните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, кои се совпаѓаат со вториот круг од претседателските избори во земјата, каде актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе се соочи со Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ. Договорот од Преспа е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици. 

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес