„Катимерини“: Седум милијарди евра би биле повлечени од Кипар ако во вторник отворат банките
Објавено во: Балкан 22 Март, 2013 12:13
Седум милијарди евра ќе бидат повлечени од Кипар ако банките на островот почнат со работа во вторник. Брисел бара од Никозија да замрзне секакво движење на капитал, вложен во кипарски банки за да биде избегнат банкрот на државата, објави Катимерини, повикувајќи се на европски извор.
Изворот вели дека ако банките бидат отворени во вторник, можно е повлекување на повеќе од седум милијарди евра.
– Ако не биде замрзнато движењето на банкарските капитали, можно е банките да бидат пред банкрот и кипарската држава да има потреба од многу поголем капитал, за да покрие гаранции за сите депозити до 100 илјади евра, додал изворот.
Улиците во Кипар се празни, пазарот и трговијата на островот се замрени целосно, државата е пред банкрот, синдикатите во исчекување на следните чекори на Владата, објавува весникот.
Провладиниот Симерини тврди дека Никозија и еврогрупата се близу до постигнување договор и кипарскиот парламент денеска ќе галса за нацрт-закони за преструктуирање на банкарскиот систем.
Пред зградата на парламентот и денеска почнаа да се собираат стотици граѓани незадоволни од политиката на т.н. Тројка ЕК, ЕЦБ и ММФ.
Има силно полициско присуство. Пред банкоматите има долги редови. Најмногу луѓе се пред Народната банка за која постојат непотврдени информации дека ќе биде затворена. Централната банка негираше, а раководството донесе одлука да се ограничи повлекувањето пари до – 260 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





