КАВАДАРЦИ, ОХРИД И ГЕВГЕЛИЈА СО НАЈВИСОК ПРОЦЕНТ ВАКЦИНИРАНИ: Граѓаните во Кичево со најмал интерес, досега вакцинирани само 15,8 проценти
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2021
Министерството за здравство информира дека на територијата
на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од
граѓаните.
Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.
Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:
Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%;
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.