29 Септември, 2024
0.0265

Казна од 88.000 евра за Тимчо Муцунски и Општина Аеродром за истуреното ѓубре пред „Дрисла“

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Фото: Општина Аеродром

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра поради исфрлање на отпад пред депонијата „Дрисла“ кога Скопје се давеше во смет додека имаше бунт на работници во ЈП Комунална хигиена.

„Имено, општина Аеродром преку компанијата “Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП “Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.

Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави“, објави инспекторатот..

Инаку Муцунски, заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претходната недела вечерта го истурија насобраниот отпад од двете општини пред Дрисла, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.

Потоа Град Скопје објави дека Ѓорѓиевски и Кисела Вода треба да платат казна од 90.000 евра за истурен смет пред Дрисла. Потоа градоначалникот на Кисела Вода во неколку наврати рече дека казната нема да ја плаќа, затоа што била незаконска.

Од „Дрисла“ не објаснуваат зошто не дозволија камионите да влезат иако градоначалниците рекоа дека ќе платат за депонирањето на ѓубрето. Во кусо соопштение обвинија дека e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.

„Ниту Општина Аеродром, ниту Општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ‘Дрисла‘, бидејќи истиот им е истечен во март месец. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две Општини во изминатите месеци ако немаат договори? Дали креирале и колку диви депонии креирале“, рекоа тогаш од „Дрисла.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“