Казни за општините кои за 30 дена нема да ги легализираат дивоградбите
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2013 12:43
Општините во Македонија се уште воопшто не постапувале по 70.000 предмети од граѓани со барање за легализација на дивоизградени објекти, иако документацијата била комплетирана. Државниот управен инспекторат им даде рок од 30 дена да постапат по предметите и во средината на март ќе изврши контролен надзор на преземените активности.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Државниот управен инспекторат Ромео Деребан денеска на прес-конференција ги презентираа резултатите од извршените редовни и вонредни инспекциски надзори на спроведувањето на Законот за легализација од страна на општинската администрација во изминатите две години.
Управниот инспекторат при контролата во 84-те општини изготви 78 решенија со кои им налага на општините да ги отстранат утврдените недостатоци. Доколку не постапат по укажувањата и не одговорат соодветно на предметите ќе следи прекршочна постапка и глоби за градоначалникот и општинските службеници кои се движат од 7.500 до 15.000 евра, односно од 1.500 до 3.000 евра.
При контролата е утврден и вкупниот број на барања за легализација кој изнесува 354.169. Од поднесените барања за 42.997 се донесени решенија за легализација од кои 35.710 веќе се процесуирани во Катастар со впишување на нелегалниот објект. Општините од вкупно поднесените барања за легализација досега одбиле 497, ја прекинале постапката за 234.132 предмети, претежно поради некомплетна документација, а постапуваат по 67.172 предмета.
Министерот Јанакиески повтори дека очекува до крајот на годинава да бидат легализирани над 100.000 дивоизградени објекти и апелира граѓаните што поскоро да ја комплетираат документацијата со доставување во најголем број случаи геодетски елаборати. Со последните законски измени рокот за комплетирање на документацијата со елаборат истекува во јуни следната година. По тој датум граѓаните или фирмите што поднеле барање за легализација го губат таквото право.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија





