Ќе има ли пари за пензии кога вие ќе дојдете на ред!?
Објавено во: Анализа 24 Мај, 2015 11:30
Иако двете европски држави создаваат некоја идеја за идниот демографски развој на САД, од Pew предупредуваат дека културните и политички фактори ги оцртуваат разликите меѓу трите земји.
"Ништо не е повеќе експресивно од фактот дека во споредба со Американците, два пати повеќе Германци и дури уште повеќе Италијанци сметаат дека владата треба да ја носи најголемата одговорност за економската благосостојба на пензионерите", се истакнува во извештајот. "За разлика од нив, во САД поголемиот дел од луѓето велат дека семејствата треба да одговараат за благосостојбата на постарите или дека тоа е грижа на самите пензионери."
Ова сепак може да испадне тешко за реализирање. Германците и Италијанците имаат уште поголеми сомневања за државните системи за осигурување - само 11% од Германците и 7% од Италијанците веруваат дека во иднина ќе има доволно средства за да се задржат сегашните нивоа на пензиите.
Скриените резерви се личните заштеди и помош за членовите на семејството. Во САД веќе има знаци, дека Американците работат до поголема возраст, бидејќи не успеваат да се пензионираат.
Според податоците од студијата на Pew 56% од Американците и 61% од Германците штедат за времето, кога ќе се пензионираат. Во Италија сепак овој процент е само 23%.
Веројатно од ова следува дека Италијанците се во најповолна-тенденција да го сметаат обезбедувањето на финансиска помош за возрасните родители за своја одговорност. Во Италија 87% од луѓето велат, дека ќе дадат финансиска помош на возрасен родител по потреба, додека на ова мислење се 76% од Американците и 58% од Германците.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





