01 Јули, 2024
0.0270

Ќе продолжи ли “жешкото” лето за нафтата?

Објавено во: Свет 15 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ако падот на цената на нафтата до најниско ниво од шест и пол години изгледа тежок, фактот дека ова се случува во екот на летото - обично пикова сезона за суровина, дополнително ја влошува ситуацијата, пишува Bloomberg во своја анализа.

Фјучерси на лесната американска сурова нафта избришаа 30 отсто само од почетокот на јуни и се на пат да остварат најголем пад откако почнаа да се тргуваат во 1983 година, забележува новинската агенција. Падовите во моментов се посилни дури и во споредба со понижувањата во почетокот на светската финансиска криза од 2008 година, азиската криза од 1998 година и кризата од 1986 година.

grafika nafta

Падовите во моментов ги надминуваат и падовите од 2011 година . Тогаш цените паднаа за 21% во текот на летото, откако САД ги отворија своите резерви поради прекинот на испораките од Либија.

Во петокот фјучерси на лесната американска сурова нафта поевтинија до 41,35 долари за барел. Citigroup прогнозира дека цената на американското црно злато ќе продолжи да се намалува поради хиперпродукција. Рафинериите во САД работат при висок производствен капацитет заради силна побарувачката на горива во текот на летото. Истовремено земјите од ОПЕК исто така одржуваат рекордни приноси, за да го заштитат својот удел на пазарот.

Новинската агенција потсетува дека цената на црното злато е падот и до 10 долари за барел, кога ОПЕК одлучи да влезе во "валутна војна" со конкурентите на нафтениот пазар и да тестира кој ќе издржи повеќе да не ги намалува приносите.

Гери Шилинг, претседател на консултантската компанија A. Gary Shilling Co., прогнозира дека цената на суровината всушност може да падне до нивоа од 10-20 долари за барел. Водечките производители на нафта можат да си го дозволат, бидејќи фиксни трошоци околу приносот се веќе реализирани.

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана