29 Септември, 2024
0.0238

Ќе успее ли Камерон да ја урне ЕУ

Објавено во: Анализа 08 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Европската унија без Велика Британија? За компаниите од двете страни на Ла Манш тоа е многу проблематично сценарио. Но, Дејвид Камерон најави, ако ги освои парламентарни избори, тогаш Велика Британија се доближува до повлекување од ЕУ. Конзервативниот политичар најави дека најдоцна во 2017 година ќе организира референдум за традиционално евро скептичните Британци за останувањето или заминувањето на земјата од ЕУ. Дали ќе дојде до таму сеуште не е јасно. Она што изгледа сигурно е дека од гледна точка на бизнис лидерите еден Brexit (излез на Велика Британија од ЕУ) ќе биде лоша вест - како за Велика Британија, така и за остатокот од ЕУ. Консензуално мислење има и за тоа дека последиците за Велика Британија ќе бидат многу посериозни отколку за другите земји членки на ЕУ. Главната причина е што Велика Британија веројатно ќе треба да излезе од европскиот внатрешен пазар. На овој начин локалните компании ќе го изгубат својот слободен пристап и ќе треба да се откажат од предноста на слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Но - ќе стане повеќе комплицирано и скапо за европските компании да прават бизнис во Велика Британија. Излегувањето значително ќе ја зголеми вредноста на трговијата меѓу ЕУ и Велика Британија и ќе ја смалуваат трговската дејност. Бројките се еднозначни. Поради Brexit британскиот бруто домашниот производ може да се намали до 14 проценти или 313 милијарди евра до 2030 година, предвидува истражување на фондација Bertelsmann и институтот Ifo. Заштедите од ваков потег, како што се намалувањето на исплати за буџетот на ЕУ, кои во моментов изнесуваат околу 0,5 отсто од БДП на Велика Британија, нема да можат да ги компензираат економските загуби. Одделните британски сектори ќе бидат погодени на различен начин. Хемиската индустрија може да загуби речиси единаесет проценти од својата вредност, финансиските услуги - речиси пет проценти. За остатокот од еврозоната цената ќе биде пониска, но сепак - висока. Загубите за Германија се оценуваат од истражувањето на речиси 58 милијарди евра. Плаќањата на Велика Британија за буџетот на ЕУ ќе треба да се преземат од други држави. Федералната република би внесувала секоја година околу 2,5 милијарди евра повеќе отколку досега. "Од економска гледна точка еден Brexit би бил губитничка вест за сите во Европа, особено за Англичаните", изјави претседателот на Bertelsmann Аарт Де Гаус. "Во прилог на економските последици тоа би било и повлекување за европска интеграција и улогата на Европа во светот" , појаснува тој. "За да може индустријата на Европа да издржи на жестокиот конкурентен притисок, ЕУ има потреба од голем и динамичен пазар", вели шефот на францускиот индустриски концерн Air Liquide, Беноа Поти. Тој е и претседател на здружението ERT во која се вклучени повеќе од 50 менаџери и членови на надзорните одбори на европски концерни. Други стравуваат дека по евентуалното напуштање на Велика Британија, ЕУ може да изгуби дел од своето влијание и така на пример би ги ослабеле позициите во однос на САД и Кина во однос на трговски спорови. К.К.