Кери: Нема да молчиме за иранската помош во Јемен
Објавено во: Свет 09 Април, 2015 14:07
САД знаат дека Иран ги вооружува шиитските бунтовници во Јемен и нема да седат со скрстени раце, кога целиот регион е дестабилизирачки, изјавил државниот секретар Џон Кери.
„Иран треба да знае дека САД нема да седат со скрстени раце, кога целиот регион е дестабилизиран и се води отворена војна со преминување на меѓународните граници со други земји“, изјавил Кери, имајќи предвид минатонеделните летови на иранските авиони кон Јемен.
„Ние ги локализиравме и знаеме“, додаде првиот дипломат на САД.
Коалиција на сојузници на Вашингтон, предводена од Саудиска Арабија, веќе две недели води борбени дејства против шиитските бунтовници од племето хути чии сојузник е Иран.
Саудиската интервенција во заштита на сунитските власти не е санкционирана од ОН.
Пентагон соопшти вчера дека американските авиони-цистерни почнаа да ги полнат во воздух авионите на коалицијата
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




