Кери тврди: Иран не се занимавал со воени дејствија
Објавено во: Свет 12 Август, 2015
Владата на САД е убеденa дека Иран не се занимавал во последните години со нуклеарни случувања и воена насоченост, пренесоа агенциите.
"Од 2005 година Иранците ги прекинале своите активности за создавање на нуклеарно оружје", изјави во Њујорк државниот секретар на САД Џон Кери.
Тој сепак смета дека некои кругови од иранската армија се уште "имаат желба да поседуваат такво".
Според Кери ако САД се откаже од ратификацијата на нуклеарниот договор со Иран, тоа ќе доведе до крајот на добрите односи меѓу САД и партнерите му од ЕУ.
Договорот со Иран е даден за разгледување на Конгресот на САД.
60 дена по неговото потпишување американските законодавци ќе треба или да го ратификуваат или да го отфрлат. Тоа предизвикува жестоки дебати во земјата.