19 Декември, 2025
0.0419

КХВ даде зелено светло за задолжителната котација на Берзата

Објавено во: Економија 12 Март, 2013 11:56

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, со кои се воведуваат уште два подсегменти на Официјалниот пазар и тоа Задолжителна котација и Котација на мали акционерски друштва.

Согласноста КХВ ја даде на седницата со која претседаваше претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Елизабета Чингаровска.

Основната цел на воведувањето на уште два подсегменти на Официјалниот пазар е преку зголемена транспарентност на долг рок да се стимулира поголема понуда на нови хартии од вредност, а се во насока  да се раздвижи пазарот на хартии од вредност, да се обезбеди поголема атрактивност за потенцијалните инвеститори, како и да се постигне поголема ликвидност.

Како критериуми за котирање на подсегментот Задолжителна котација се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последните две години, номинален капитал во износ од 1.000.000 евра, најмалку 1 отсто распространетост на родот на акциите во јавноста и најмалку 50 акционери.  Акционерските друштва кои ги исполнуваат овие услови, задолжително ќе котираат  во  период  од пет  години.

- Со оваа економска реформа расте бројот на компании што ќе котираат на Македонската берза АД Скопје, со што се зголемува транспарентноста за нивното работење и  може да се очекува да се прошири изборот на потенцијални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за инвестирање, што во минатото, а особено во услови на динамизирање на пазарите на капитал, се покажа како вистински чекор, се наведува во соопштението од КХВ.

Како критериуми за подсегментот Котација на мали акционерски друштва се предвидени ревидирани финансиски извештаи за последната година и најмалку 250.000 евра капитал. Овој подсегмент постои во речиси сите развиени пазари на капитал, со цел да им се даде можност на малите друштва да се претстават на пазарот на хартии од вредност. Со ова се овозможува потенцијалните инвеститори да се запознаат со перформансите на малите акционерски друштва, а тие пак добиваат шанса да прибираат свежи парични средства преку издавање акции.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар