КХВ го одобри барањето на “Стопанска банка” АД Битола за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници
Објавено во: Економија 08 Јули, 2016 12:15
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 95-тата седница што се одржа денеска, а со која претседаваше Претседателот на КХВ, М-р Елизабета Чингаровска го одобри барањето на "Стопанска банка" АД Битола за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.
Станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име.
Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30% од основната главнина на "Стопанска банка" АД Битола.
Обврзниците ќе бидат јавно понудени преку Берза, согласно моделот на одредување на минимална цена, при што приоритет ќе се дава на налози со повисока цена , поголема количина и порано време на внес на налогот.
Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што "Стопанска банка" АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




