КИБС ДОБИ ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА СО ИНСТАНТ ПЛАЌАЊА
Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2025 10:35
Клириншката куќа „Клириншки интербанкарски системи АД Скопје“ – КИБС АД Скопје, на 17.9.2025 година доби дозвола од Народната банка на Република Македонија за оператор на платен систем за инстант кредитни трансфери во денари согласно Законот за платежни услуги и платни системи.
Со овој значаен чекор се заокружува поставувањето на платформата на платниот систем „КИБС Инстант“, која истовремено е централно решение за извршување инстант плаќања во земјата, како и поставувањето на платформата што овозможува канали за иницирање и прифаќање инстант плаќања од крајните корисници.
Инстант плаќањата претставуваат револуционерна иновација кај плаќањата, овозможувајќи трансфери на средства од сметка на сметка за помалку од 10 секунди, достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, без оглед на тоа дали сметките на праќачот и примачот се кај ист или кај различен учесник во платниот систем.

Со добивањето на оваа лиценца, Република Македонија станува подготвена да се усогласи со највисоките европски стандарди во областа на платните системи. Системот за инстант плаќања носи голем број придобивки, за граѓаните – удобност и брзина, за компаниите – подобра ликвидност и поефикасна наплата, а за целата економија – намалени трошоци и поголема дигитализација на финансиските текови.
Овој напредок се надоврзува на новата регулатива на ЕУ за инстант плаќања, која влезе во сила на 9 јануари 2025 година и со која банките и другите даватели на платежни услуги во земјите од ЕУ и ЕЕА се обврзани да примаат и да иницираат вакви плаќања во евра. Иако регулативата сè уште не е транспонирана во домашното законодавство, КИБС АД Скопје со оваа поставена платформа веќе е целосно усогласен со европските стандарди и освен домашни инстант плаќања, овозможува и идно поврзување со шемата СЕПА за прекугранични инстант плаќања.
Како водечка компанија во дигиталната трансформација во земјата, КИБС континуирано се стреми на бизнисите, граѓаните и на државата да им овозможи пристап до технолошки иновативни услуги што го поддржуваат развојот на модерната економија. Со воведувањето на инстант плаќањата се отвораат нови можности за крајните корисници на платежните услуги во насока на унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на иновациите на пазарот на плаќања.
КИБС останува стабилен и доверлив партнер на банките, трезорите и другите даватели на платежни услуги што ќе прават испорака на оваа и на останатите услуги поврзани со плаќања и сметки, а истовремено ќе продолжи и со нивно унапредување следејќи ги глобалните трендови.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





