Кичево ќе добие современа општа болница
Објавено во: Македонија 03 Април, 2013 13:23
Голем инвестициски зафат на објект кој е започнат во раните деведесетти години, а кој треба да прерасне во нова современа општа болница во Кичево ќе започне Владтата, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров кој ја посети Општата болница во градот.
Инвестицијата, посочи тој, се проценува на околу 200 милиони денари.
- Согласно динамиката која ја утврдивме на седницата на Владата, тендерот за градба треба да биде распишан во средината на јуни, а градежните работи треба да почнат во август и сите да бидат завршени во рок од 18 месеци, истакна Тодоров.
- Објектот планираме да го реконструираме согласно најновите и најсовремените стандарди во здравството, односно стандардите што ги имаме при изградба и реконструкција на сите здравствени објекти. Тоа значи ќе има тоалет во секоја соба, ќе се почитуваат сите правила за спречување на интра хоспитални инфекции, нови современи лифтови, паркинг-простор за сите кои ќе доаѓаат во болницата и целосно партерно уредување на околината на овој објект, истакна Тодоров.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека изминатите неколку месеци го разгледувале проектот за објектот кој е изготвен во доцните 80-ти години кога важеле други стандарди и кој има определени недостатоци.
- Денес имаме сосема различни стандарди и од аспект на сеизмичка заштита и безбедност, но и од аспект на здравствена инфраструктура. Од тие причини комплетно ќе биде преработен за да биде сеизмички сигурен објектот и од инфраструктурен аспект да се оневозможи појава на интра хоспитални инфекции, појасни Тодоров.
Битно е, истакна тој, да се обезбеди објект кој ќе биде енергетски ефикасен и кој ќе има систем за затоплување и ладење.
- Овој објект ќе опслужува 70.000 жители и ќе има ново одделение - нов Ургентен центар. Делот на болницата кој сега се користи планираме да се отстапи на Здравствениот дом и да се создадат услови за функционирање на брзата помош, Здравствениот дом и концесионерите кои се закупци во тие простории, додаде Тодоров. Одговарајќи на новинарско прашање потенцира дека досега во јавните здравствени установи низ Македонија имаат обезбедено околу 1.200 вработувања за година и пол.
- Планираме не само со вработувања Општата болница во Кичево да ја поддржиме и со специјализации, односно да овозможиме навремена специјализација на сите доктори по општа медицина, рече министерот Тодоров.
Директорот на Општата болница во Кичево Љупчо Ристески посочи дека во моментов најнеопходни се специјализации по гинекологија и акушерство - најмалку двајца специјализанти од кои една специјализација е реализирана и еден нивни колега ќе почне со едукација во областа на гинекологија и акушерство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





