19 Декември, 2025
0.0414

Кичево, Зајас и Осломеј ќе добијат парно од ТЕЦ Осломеј?!

Објавено во: Економија 14 Март, 2013 08:04

Добивај вести на Viber

Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Бирото за регионален развој допрва ќе одлучуваат дали и кој може да ги снабдува општините Кичево, Зајас и Осломеј со топлинска енергија, дознава Фактор. Физибилити студија за поврзување на општините Осломеј, Зајас и Кичево со централно греење од термоелектраната Осломеј треба да покаже дали проектот е исплатлив и ќе се спроведува во иднина. Во моментот, станбените и јавните објекти во овие општини се снабдуваат со топлинска енергија децентрализирано. За да се покаже и докаже исплатливоста на овој зафат потребно е да се согледаат сите аспекти (предности и недостатоци) на поединечните решенија, односно да се покажат придобивките за подобро живеење во овие три оптини, ако се оотстранат поголемиот број оџаци, се намали отпадниот материјал (згура и пепел), се намали загадувањето и слично. Истовремено од системот за далечинско греење се очекува економичност, подобрени хигиенско-здравствени услови и зголемување на комфорот на жителите на Осломеј, Зајас и Кичево.
“Доколку носителот на топлина за загревање на објектите се доведува од еден определен извор допотрошувачите, тој систем се вика далечинскo греење. Студијата треба да ја покаже исплатливоста на овојсистем за наведените општини. Анализата треба да го покаже најекономичниот систем за носител на топла/врела вода на далечина, односно да се определат неговите параметри-температура на потисниот и повратниот вод, годишното искористување во часови, притисокот и вршното оптоварување. Исто такаа треба да се определат димензиите на цевоводите, да се дефинира системот за транспорт на топлинската енергија од изворот на топлина до потрошувачите, да се определи оптимална траса на водовите од техно-економски аспект, сигурноста на снабдувањето ...“, пишува во тендерската документација за оваа Студија до која дојде Фактор.
Пресуден критерииум за тоа која компанија ќе ја изработува физибилити студијаат е најниста понудена цена. Центарот за развој на Југозападниот плански регион прецизира дека межу другото, понудувачите мора да имаат “А“ лиценца за проектирање издадена од надлежното Министерство, список на експертскиот тим (со минимум 5 вработени со приложен доказ за тоа) кои ќе ја реализираат набавката, приложувајќи соодветни докази за образовните и професионалните квалификации, како и референтна листа со прилог договори од минимум 5 договори од вакви или слични активности со потврди, или договори од договорни органи за кои компанијаат извршила ваков вид на услуги. Оправданоста на поврзувањето на Осломеј, Зајас и Кичево со централно греење од ТЕЦ Осломеј, од Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Бирото за регионален развој ќе ја мерат со времето на поврат на инвестицијата во однос на вложените пари и просечно остварената добивка на влогот. Катерина Попоска

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар