18 Декември, 2025
0.1142

КИЛОГРАМ ДОМАТИ 70 ДЕНАРИ - Владата ги замрзна цените на 11 земјоделски продукти, еве кои се тие

Објавено во: Економија 03 Април, 2023 13:20

Добивај вести на Viber

Владата донесе одлука за определување на цени на највисоки цени на некои овошја и зеленчук, при што се утвредни највисоки цени за 11 производи кои ќе важат до крај на април. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пресконференција. 

Тој посочи дека се опфатени 11 производи, свежи домати, краставици, кромид, карфиол, пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони кои ќе важат до крајот на април.

- Домат не може да се продава повеќе од 70 денари, краставиците над 75 денари, кромидот повеќе од 60 денари, карфиолот 70 денари, пиперки 90 денари, грав 75 денари, леќа повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокали не повеќе од 55 денари, мандарините 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари.

Согласно сите анализи на министерството цените на енергенсите се со наделен тренд и се стабилизирани, споредбено со претходната година - укажа Бектеши. 

- Направивме анализи на овие производи кои покажаа дека на одредени производи имало маржи од дури и 200 отсто. На нашите табели може да се видат кои биле цените на овие производи, и симулации со маржа од 20, 30 и 40 проценти од влезната или увозната цена. 

Бидејќи разговаравме со многу трговци и увозници, бидејќи овие производи калираат, затоа центие се ставени на висок праг, дури и со маржа над 40 отсто. 

Не стои образложението дека се плаќаат високи царини па затоа се високи цените. Тука не е вкалкулирана само стапката од пет отсто од ДДВ. 

Ги повикувам сите трговци и малопродажни маркети да ги почитуваат овие одредби и очекувам од почетокот на мај, кога ќе почне и домашното производиство да има повеќе роба и да има намалување на цените. Убедени сме дека во месец април ќе имаме големо намалување на цените на храната, но и на енергенсите - укажа Бектеши. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа