Ким Јонг Ун веќе не изгледа вака!
Објавено во: Стил
30 Септември, 2014 20:24
Добивај вести на Viber
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наводно толку многу се здебелил што скршил два зглоба, завршил на оепрација и сега лежи во болница, пишува весникот Дејли Мејл.
Според пишувањата на медиумите, младиот лидер на сиромашната држава речиси не може да се препознае од последниот пат кога се појавил во јавност - сега тежи повеќе од 130 килограми, кои се последица на прекумерно уживање во пијалоци и храна. Новите килограми создале огромен притисок врз неговите нозе и стаала.
Извор кој од Северна Кореја неодамна преминал во Јужна Кореја, тврди дека 31-годишниот лидер уште лежи во болница во Пјонгјанг, каде го чува неговото лично обезбедување.
Се верува дека Ким Јонг Ун поради тежината ги скршил зглобовите за време на некоја од напорните турнеи низ воени бази и фабрики. На овие турнеи тој носи чевли со т.н. „кубански потпетици“ за да биде повисок и да изгледа како поголем авторитет, но тоа само дополнително му ги оптоварило зглобовите.
Севернокорејскиот лидер започна да ја зголемува својата тежина драстично откако дошол на власт, а спред многумина тоа делумно го правел и намерно за да наликува повеќе на својот дедо.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер
МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер