01 Јули, 2024
0.0346

Кина го зададе првиот сериозен шут во валутната војна

Објавено во: Свет 13 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во последните години Јапонија, САД и Европа постојано беа обвинувани дека доведоа до монетарна војна поради паричните стимулации, кои доведоа до пад на валутите, пишува „Wall Street Journal“.

Обвиненијата сепак беа избрзани. Од промоцијата на внатрешните трошоци преку олабавување на монетарната политика се искористија сите, вклучувајќи ги и нивните трговски партнери, наведува весникот.

Одлуката на Кина да го девалвира јуанот сепак е исклучок. Активностите на централната банка во Пекинг не се дел од пошироките парични стимулации, а ефектот ќе беше целосно на сметка на трговските партнери на земјата без да им даде ништо за возврат.

Ова е игра со нула резултат и може да се каже дека е првиот сериозен шут во валутната војна.

Кога федералните резерви или Европската централна банка (ЕЦБ) ја олеснаа монетарната политика преку намалување на каматните стапки и купување на обврзниците, тие практично ги потикнаа инвеститорите да вложуваат пари на друго место во потрага по добар поврат. Како резултат тоа е обично потопување на доларот или еврото.

„ФЕД“ и „ЕЦБ“ сепак немат збор по прашањето со колку точно ќе поевтинат зелените пари или единствената валута. Тие знаат само дека засилувањето на нивните економии ќе дојде преку комбинираното влијание од пониските камати и пониските курсеви на валутите. И ако второто може и да им наштети на нивните трговски партнери, првото обично помага, бидејќи ја поддржува домашната побарувачка, а тоа обично доведува до зголемување на увозот, се наведува во анализата.

Кина има затворен финансиски систем и ја одредува каматата и девизните курсеви независно еден од друг. Девалвацијата на јуанот оваа недела не беше обврзана со намалување на каматите. Во обид да се стимулира економијата кинеските власти изгледа одлучија да му дадат поттик на извозот, но не и да преземат ризик за пониските камати да доведат до зголемување на цените на активата и долговите.

САД и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одамна ја повикуваат Кина да им овозможи на пазарните сили, а не на државниот диктат, да се одреди вредноста на јуанот. Пекинг тврди дека го прави токму тоа. Пазарните сили го притискаат јуанот до дното на дозволеното и отсега конверзиите ќе се коригираат во зависност од насоката во која пазарните сили ја туркаат валутата.

Сепак, ова е далеку од вистинско пазарно ориентиран јуан. Фактот дека кинеската централна банка ќе поддржува некакви рамки на девизниот курс, кои ќе ја одреди формула, обвиткан во магла, како и дека трговијата не може да се случува надвор од овие рамки, и да влегува во спротивност со дефиницијата на вистинскиот пазар.

Тоа е различно од тоа што на пример Данска е обврзана со валутата на еврото? Копенхаген ги „прилагодува“ паричните алатки - каматни стапки и обем на Круните во оптек, наспроти пазарот. Ако пазарот ги втурне круните над соодветниот девизен курс, земјата ќе ги намали каматите, печатењето на круни и купувањето на евра и така ќе го одржува курсот на валутата во однос на пазарната вредност.

Ако Кина го примени истото, ќе мора да им овозможи неограничени купувања и продажба на јуанот од странци и жители и да ги промени каматните стапки, така што да прилагоди девизниот курс на валутата до посакуваното ниво. И покрај сите приказни за пазарните реформи, сепак, властите во Пекинг остануваат длабоко приврзани кон макроекономските движења, а девизниот курс е додаток кон монетарната политика, посочува весникот. Повеќето земји сакаа да се откажат од некои од овие движења.

Вистинскиот тест за тоа дали Кина ќе се ангажира со пазарни реформи ќе биде тогаш кога пазарните сили ќе помогнат во спротивна насока на преференциите на властите. Можеби централната влада ќе си стои на зборот и нема да интервенира или пак ангажманот за пазарни реформи ќе се спроведува дотогаш, додека цените на активата одат нагоре.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна