16 Декември, 2025
0.0455

Кина гради „Голем песочен ѕид“

Објавено во: Свет 02 Април, 2015 08:30

Добивај вести на Viber

Кинеските обиди за заземањето на земјиште создаваат „Голем песочен ѕид“ во Јужното Кинеско Море, што покренува „сериозни прашања“ за намерите на Пекинг, изјави висок функционер на САД, цитиран од „BBC“.

Командантот на американската Пацифичка флота адмирал Хари Харис го даде овој коментар за време на говорот во Австралија во вторникот вечерта.

chinese-frigate-0401

Кина има територијални претензии со своите соседи во Јужното Кинеско Море. Минатата година Кина го оправда заземањето на земјиште во спорните води и го опиша како целосно оправдано, бидејќи има суверенитет над регионот.

Во последниве месеци се појавија фотографии на кинеска изградба на гребени до архипелагот Спратли. Целта е да се создадат вештачки острови кои би можеле да имаат воена употреба, вклучувајќи го создавањето на писти за слетување на авиони.

Неколку земји, меѓу кои Виетнам, Филипините и на Тајван, исто така бараат сопственост на територии во архипелагот.

download (3)

Спорните територијални води околу архипелагот Спратли.

„Кина гради вештачки површини со пумпање на песок врз живите корални гребени - некои од нив се потопени - и асфалтирани со бетон.  Кина создава „Голем песочен ѕид“ со копачи и булдожери во текот на месецот“, додаде тој.

Тој рече дека имајќи предвид кинескиот„модел на провокативни активности насочени кон помали држави претенденти“ во Јужното Кинеско Море, опсегот на изградбата покренува „сериозни прашања за кинеските намери“.

Спорот за територии во Јужното Кинеско Море ескалира во последните години, зголемувајки ги тензиите во регионот. Филипините поднеле жалба до Постојаниот арбитражен суд на ОН. Кина сепак вели дека нема да се ангажира со случајот.

Во Виетнам се дојде до антикинеско насилство минатата година, откако Кина ги пресели машините во спорните води на Параселски Острови.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете