Кина ќе инвестира две милијарди евра во Бугарија
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2016
Кинеските компании размислуваат за инвестиции во луксузни имоти, аеродром и рудник во Бугарија, а вкупната сума може да достигне над 2 милијарди евра.
Бугарија има потреба од зголемување на странските директни инвестиции, кои опаднаа на околу 1-1,6 милијарди евра годишно, откако светската финансиска криза во 2008-2009 година стави крај на бумот во градежништвото и недвижниот имот.
Според експертите, Кинезите се одлучуваат за Бугарија, бидејќи имаат долгорочно стратешко размислување и ја оценуваат геополитичката ситуација во земјата. За да биде привлечен кинески капитал, Бугарија треба да структурира проекти над 100 милиони евра.