Добивај вести на Viber
Кинеската компанија „Nicaragua Canal Development Investment“ добила дозвола за градење канал низ Никарагва, вреден повеќе милијарди долари. Кога се ќе се заврши овој канал треба да ги спои Атланскиот океан со Тихиот и така да стане дирекна конкуренција на Панамскиот канал.
Заработката од пловењето на бродовите би можела да биде голема пресвртница за оваа сиромашна латино-американска држава.
Од страна на Собранието на Никарагва предлогот е усвоен со мнозинство гласови-61 за, и 25 против проектот. Кинеската компанија доби зелено светло за градење на канал помеѓу двата океани.
Со овој проект се очекува локалната економија да се крене на нозе, но противниците на проектот тврдат дека ова значи преголема моќ и контрола од страна на странците.
-На моќните Кинези им се дава право за градење на воден канал, сув канал, нафтовод, аеродроми и две трговски бесцарински зони и се што дополнително ќе биде потребно во било кој дел од земјата. Односно дадена им е комплетно целата држава, вели Едуардо Монтеалегре, член на опозициската Либерална партија.
Членовите пак на владеачката партија ги отфрлаат таквите обвинувања.
-Наместо економски раст од три до четири посто, сакаме да имаме раст од 10 до 15 посто. Со ова токму таков економски напредок сакаме да обезбедиме за Никарагва, а тоа ќе ни обезбеди и нулта стапка на невработеност, наведуваат од владеачката партија.
Милијарди долари приход
Претседателот Даниел Ортега сака да го забрза проектот за кој тврди дека на државата ќе и донесе милијарди долари.
Ова не е прва ваква инвестиција, приказната за каналот кој ќе ги спои двата океани во Никарагва трае веќе цело столетие. Сепак ниеден проект не стигна до фаза на реализација.
Од 1914-та Панамскиот канал беше единсвената кратенка за бродовите кои преминуваа од еден во друг океан. Годишно низ него поминуваат близу 14. 000 пловила.
HKND група од Хонк Конг сега има 50 годишна концесија за планирање и изградба на нов канал. Моментално се разгледуваат рутите каде ќе води каналот, вклучувајки го и големото езеро Никарагва.
Доколку набрзо одредат рута, претседателот Ортега тврди дека со работата за каналот ќе се стартува во 2015-та година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.