16 Декември, 2025
0.0335

Кина подготвува мерки за регулација на онлајн трговија

Објавено во: Свет 03 Април, 2015 08:22

Добивај вести на Viber

Кина ја затегнува контролата врз слабо регулираниот свет на кинеската онлајн трговија - процут сектор, кој создаде гиганти како Alibaba Group Holding, но и си навлече доста критики за проблемите со неквалитетни стоки, фалсификатите и сомнителните бизнис практики, пишува Wall Street Journal. 0000192269-article3 Напорите најверојатно ќе го зголемат притисокот врз Alibaba и други компании, но исто така може да доведе до разјаснување на правилата за индустријата, која Пекинг сака да ја развива. Вкупните трошоци во Кина за онлајн купување во 2014 година достигнаа 427 милијарди долари, а до 2018 година се очекува да нараснат до повеќе од 1 трилиони долари според оценката на eMarketer. Министерството за трговија соопшти дека сака да го ограничи зголемувањето на довербата кон непријателските трговци кои фалсификуваат трансакции и рецензии од корисниците. Како дел од поголем нацрт министерството сака операторите на платформи за онлајн трговија да забранат фирми кои ги фалсификуваат рејтинзите на доверба. Покрај тоа, властите сакаат да се воведат казни до 500 илјади јуани (80 илјади долари) за неисполнување на обврската за обезбедување на потребните информации за неетички практики. Во последните неколку месеци кинеските регулатори ги критикуваат компаниите за електронска трговија за тоа дека не се борат доволно ефикасно со продажба на фалсификати и со другите манифестации на неетичко однесување. Одделно до крајот на годината Пекинг веројатно ќе претстави нацрт со кој ќе ја регулира онлајн трговијата, посочуваат властите. Alibaba, рече дека презела мерки за зголемување на квалитетот на своите онлајн платформи за трговија. Во март таа воведе правила кои одредуваат кој може да продава во Tmall, нејзината шопинг платформа, користи првенствено големи брендови. Потезите на Владата можат да се покажат товар за компаниите како Alibaba. Нејзиниот сајт Taobao поврзува повеќе од 8 милиони трговци со онлајн корисници, а новите правила може да ја принудат да ги зголеми напорите во мониторингот. Истовремено овие акции ќе му помогнат на кинескиот пазар за онлајн трговија да стане одржлив, тврди Елинор Лонг, аналитичар на CLSA. -Треба да поминете преку овој процес пред да имате вистинска пазарна потрошувачка во Кина. Никој не може тоа да го избегне, дури и Alibaba ", додава таа. Портпаролот на Alibaba, рече дека компанијата ги почитува законите и регулативите во Кина и ги "поддржува иницијативите на владата за промоција на здрав развој на индустријата за онлајн трговија во Кина". Од март Alibaba им овозможува само на официјални брендови и нивните овластени дилери да отвораат продавници во најпопуларните категории на сајтот Tmall. Правилата влијаат на козметиката, чевли и чанти, облека и спортски стока. Alibaba објави листа со повеќе од 5000 марки, кои се повторно одобрени за работа со Tmall. Покрај тоа, компанијата инсистира трговците на некои категории на стоки за домаќинството да докажат дека се овластени да продаваат брендирани производи. Целта е да се "крене нивото за пристапување, па само трговци на квалитетни производи и услуги ќе бидат примени до платформата Tmall", коментира Џеф Дзан, шеф во Alibaba. Аналитичарите и брендови велат дека новите правила можат да бидат голем чекор кон намалувањето на фалсификатите, како и на продажбата на автентични производи на евтини, без дозвола на трговската марка. Последното може да наштети многу на имиџот на брендовите и да наштети на нивните маркетинг стратегии. Категориите во кои Alibaba воведува најмногу ограничувања, се оние во кои според аналитичарите најчесто се продаваат фалсификати. Насоките се "логичен чекор напред, за да се заштитат потрошувачите и носителите на права од трговците кои продаваат фалсификувана стока во Tmall", наведува Боб Барчиеси, претседател на Меѓународната коалиција против фалсификувањето, која претставува различни брендови - од Calvin Klein до Apple. Компанијата тврди дека троши повеќе од 16 милиони долари годишно за да се бори против фалсификувањето. Таа има 2300 вработени и 5400 волонтери, кои се зафатени со следењето на нејзините платформи и следењето измами. Новите насоки едвај ќе успеат да помогнат за отстранување на сите фалсификати и проблематични стоки од Tmall, велат аналитичарите. Огромниот обем на сивиот пазар и присуството на таквите производи во платформата ja прави задачата уште потешка, дополнува Ема Ли, истражувач од седиште во Њујорк, компанија L2 Inc. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете