28 Септември, 2024
0.0242

Кина сеуште е број 2!

Објавено во: Анализа 17 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Веста дека Кина ќе ги надмине САД како водечка светска економија уште оваа година, распространета од светските медиуми минатата недела, сама по себе е сензационална и зачудувачка или барем требаше да биде, ако беше точна. Вистината е дека САД останува најголемата национална економија во светот и тоа со значителна предност пред ривалите, пишува професорот од Харвард Џефри Френкел за CNBC . Сензационалната вест почиваше на извештај на Програмата за меѓународна споредба (ПМС) на Светската банка (СБ), објавен на 29 април. Податоците во него ги споредуваат БДП на земјите во однос на индексите на паритетот на куповната моќ ( ППС), наместо на база на конверзии. Тоа е вистинскиот пристап, кога сакаме да ги споредиме приходот по глава на жител и стандардот на живот на луѓето, но е погрешен, ако сакаме да се поклопат влијанието на одредена земја во светската економија преку националниот доход. И во двата случаи, сепак, било да е тоа во однос на приходот по глава на жител или општ БДП, денот во кој Кина ќе ги надмине САД, се уште не е дојден. Ова, се разбира, не треба да го омаловажува извонредниот економски раст на земјата - во просек по околу 10 % годишно во текот на последната деценија, што несомнено претставува историско чудо. Американската економија сеуште е со 83% поголема од онаа на Кина, по конверзии. Ако растот на кинеската економија остане со 5 процентни поени повисок од оној на САД на година, без да има значителна промена на девизниот курс, ќе и бидат потребни уште 12 години на Кина да се израмни разликата. При состојба дека разликата е осум процентни поени, бидејќи јуанот поскапува во просек со по 3 % годишно во реални услови, Кина ќе ги надмине САД по 8 години. Прашањето за ППС индексите наспроти конверзии е добро познат на специјалистите по меѓународна економија. Досаден, но неизбежен технички проблем произлегува од тоа дека кинеската производство се мери во јуани додека американското - во долари. Прашањето е на кој начин да бидат изразени броевите за да се споредливи. Очигледно решение е да се користи тековниот девизен курс, односно да се усоврши кинескиот БДП пресметан во јуани, на девизен курс долар - јуан, па споредбата да биде изразена во долари. Но тогаш некои ќе речат дека за да биде измерен животниот стандард на кинеското население, треба да се има предвид дека многу стоки и услуги се поевтини во Кина. Потрошени во Кина јуани имаат поголема вредност од оние потрошени во странство. Затоа, ако сакаме да го споредиме приходот по глава на жител на земјите, треба да се пресмета локалната куповна моќ, како што прави Програмата за меѓународна споредба. Пресметката на ППС е широко применлива, за тоа да знаеме кои влади успеале да го зголемат животниот стандард на своите граѓани на пример. Споредувајќи го приходот по глава на жител, дури и спрема ППС, Кина сеуште е релативно сиромашна земја. И покрај големиот напредок за кратко време, приходот по глава на жител во Кина е горе-долу ист како оној во Албанија. Но албанската економија, за разлика од кинеската, ретко паѓа во водечките наслови. Причината за тоа не е само во динамиката на кинеската економија, но и во бројно звучното население. Како помножен приходот по глава на жител по повеќе од 1,3 милијарди луѓе добиваме доста голема бројка. Комбинацијата од големо население и среден приход и обезбедува на Кина како економска , така и политичка моќ . На ист начин прифаќаме и дека САД се водечка политичка сила, не само затоа што се богати. Ако критериум ни беше приходот од глава на жител, тогаш Монако, Катар, Луксембург, Брунеи, Лихтенштајн, Кувајт, Норвешка и Сингапур би биле понапред од САД (за целите на оваа споредба е без разлика кои вредности користиме - ППС или монетарен курс ). Но ниту Монако, ниту Брунеи, ниту Лихтенштајн се сметаат за водечки економски сили, бидејќи се премногу мали. Она што ја претвора САД во таква, повторно е комбинацијата од големото нејзино население и највисокиот приход по глава на жител. Токму оваа комбинацијаја објаснува сеопштата возхит од тоа како кинеската економија се натпреварува со САД по обем и сила и особено прашањето дали долгогодишниот првак не го отстапил своето место. За да одговориме на ова прашање, сепак, ППС индексите не се најдобро средство. Причината е во тоа што кога зборуваме за обемот или силата на дадена економија тој опфаќа широк спектар на индикатори и партнери. Пример колку е голем кинескиот пазар од гледна точка на мултинационалните корпорации ? Ќе ги смениме ли јуанот доларите како меѓународна валута, гледано од земјата на светските финансиски пазари ? Колку пари може да стави онаму Кина и колку влијание може да купи со нив, од гледна точка на Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ) и други слични институции ? Колку голема воена флота може да си набави земјата, од гледна точка на земјите со територијални претензии во Јужното Кинеско Море? За да одговориме на овие , а и на повеќето останати прашања поврзани со влијанието на економијата , треба да ги користиме показателите на БДП, според девизните курсеви. Затоа сакаме да знаеме каква куповна моќ има јуанот на светските пазари, а не на домашен . А одговорот на ова прашање е дека куповната моќ на Кина е поголема од онаа на било која друга земја, освен на САД. K.K.