03 Јули, 2024
0.0371

Кинеската економија има големи проблеми, но уште не е во колапс!

Објавено во: Свет 26 Август, 2015

Добивај вести на Viber

 „Крвопролевањето“ на кинеските берзи во последните неколку дена го шокираше финансискиот свет и предизвика масовна паника во врска со ситуацијата во втората по големина економија во глобални рамки, забележува во коментарот за ситуацијата во Азија „Washington Post“. Но, иако во последните два дена кинеските акции потонаа сериозно и тоа е многу лош сигнал, работите се уште не врват кон колапс. Според експертите, пак, пазарите се потпираат погрешно на сигналите кои испраќа економијата на Кина.
„Инвеститорите реагираат премногу на економските ризици во Кина. Колапсот на капиталниот балон реално не ни зборува ништо за економијата на Кина“, коментира Џулијан Джесп економист во „Capital Economics“. Според него податоците за другите големи економии се добри и воопшто ништо не укажува дека може да се врати глобалниот економски колапс. Аналитичарите, цитирани од „Washington Post“, посочуваат уште дека врската помеѓу кинеските берзи и реалната економија е многу слаба, особено споредена со САД. На овој начин падот на пазарите не се гледа како системски ризик за банкарскиот сектор, објаснуваат од „Deloitte China“. Но ако Кина сака да се врати кон одржлива траекторија на раст, ќе бидат потребни и реално функционални пазари, дополнуваат оттаму.
Обработка: И.Р
Извор:  „Capital Economics“ и „Washington Post“

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОР ЗА ГАС СО РУСИЈА: Се преговара со друга земја

УКРАИНА НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОР ЗА ГАС СО РУСИЈА: Се преговара со друга земја

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи