10 Декември, 2024
0.0272

КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - таа е отпорна на сите предизвици, корист од развојот на Кина ќе има целиот свет

Објавено во: Економија 02 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Кинеската економија сосема успешно закрепнува по пандемијата со КОВИД-19, која го потресе светот и ги разниша економските показатели, а сосема солидно се справува и со глобалната инфлација, која се чини дека сега е најголемиот светски економски проблем. Со своите перформанси, кинеската економија се јавува во улога на еден вид двигател и стабилизатор на светската економија, во услови кога таа се соочува со премногу бавното економско заживување. Кинеската економија која се покажа како силно одржлива и отпорна на многу предизвици, се повеќе се отвора и реформира, а, како што најавуваат кинеските власти, тој процес ќе продолжи и во иднина. Или, како што вели кинескиот претседател, Кина сака со остатокот од светот да го сподели својот економски развој, и тој да биде корисен за сите, а не само за кинеските граѓани.

Деновиве во главниот кинески град Пекинг се одржува кинескиот меѓународен саем за трговија со услуги (CIFTIS), кој практично стартуваше од 31 август и ќе трае се до 5 септември, со главна цел да обезбеди платформи за меѓународни размени. А, сето ова се случува во време кога светот се бори со бавното економско закрепнување.

Како што јавуваат кинеските медиуми, овој саем, заедно со Кинеската меѓународна увозна изложба (CIIE) и саемот за увоз и извоз во Кина (Кантонски саем), се всушност трите главни изложбени платформи, кои се познати по поттикнувањето на висококвалитетниот економски развој на земјата, како и по прифаќањето на еден победнички пристап кон светот. Но, непоколебливата отвореност на Кина кон остатокот од светот се протега многу подалеку од овие три настани од висок профил. Според економските експерти, водена од економската мисла на кинескиот претседател Си Џинпинг, Кина останува цврст поддржувач на глобализацијата и мултилатерализмот, додека се соочува со обновениот протекционизам и глобалните економски спротивставени ветрови.

„Без разлика како се менува светот, вербата на Кина во отворањето и во реформите, како и нејзината посветеност да ги спроведе, нема да се поколебаат“, рече Си во главниот говор преку видео обраќање, на церемонијата на отворањето на Годишната конференција на Форумот Боао за Азија 2022 година, одржан во април.

Кинескиот претседател постојано изјавува дека решеноста на Кина да се отвори понатаму кон надворешниот свет останува непоколеблива.Нарекувајќи го отворањето „белег на современа Кина“, Си, во главниот говор на церемонијата на отворањето на четвртиот CIIE во ноември минатата година, рече дека „нема да ја промениме нашата решеност да се отвориме пошироко по висок стандард; нема да ја промениме нашата определба да ги споделиме можностите за развој со остатокот од светот; и нема да ја промениме нашата посветеност на економската глобализација која е поотворена, поинклузивна, избалансирана и покорисна за сите“.

За долгогодишните кинески набљудувачи како Мехмуд УИ Хасан Кан, извршен директор на пакистанскиот Центар за Јужна Азија и меѓународни студии, ветувањето на Кина за понатамошно отворање е несомнено.

ОТВОРЕНОСТА НА ЕКОНОМИЈАТА СТАНА ЗАШТИТЕТН КИНЕСКИ ЗНАК

„Кина продолжи со отворена, интерактивна, продуктивна и партиципативна развојна стратегија, а отвореноста стана кинески заштитен знак“, вели тој, опишувајќи ги реформите и отворањето на Кина во изминатите 40-ина години како „епско патување за Кинезите, регионот и светот подеднакво“.

Според него, и остатокот на светот имаше бенефит од отворањето на Кина.

Инаку, додека се одржува CIFTIS за 2022 година, протекционизмот повторно расте во некои делови од светот. Геополитичките тензии и другите несигурности, исто така, ги нарушија глобалните синџири на снабдување и им наштетија на изгледите за глобално економско закрепнување.

Заложбата на Кина за отворање е пример за нејзината решеност да го одржи CIFTIS 2022 година и покрај глобалната економска нестабилност, рече Абу Бакр ал-Диб, советник на Арапскиот центар за истражување и студии со седиште во Каиро.

„Тоа е силен доказ за подготвеноста и упорноста на Кина да го продолжи циклусот на работа и економските активности. Кина не сака да ги запре сите можни средства за постигнување благосостојба за својот народ и промовирање на соработката со другите земји ширум светот“, рече тој.

Благодарение на реформите и отворањето, Кина постигна пресвртница во економскиот и социјалниот развој во изминатата деценија. Придонесот на кинеската економија во глобалниот економски раст изнесуваше околу 30 проценти во последниве години, што ја прави најголемиот мотор за раст за глобалната економија.

НОВИ МОЖНОСТИ И СЕ ПОМАЛКУ ПРЕЧКИ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Новите можности за странските инвеститори произлегоа од конкретните активности на Кина за проширување на отворањето на високо ниво, што го поттикна протокот на стоки и производствени фактори и постојано го проширува институционалното отворање во однос на правилата, регулативите, практиките на управување и стандардите.Во последниве години, Кина продолжи да го проширува пристапот на пазарот и да ја скратува негативната листа за странските инвестиции. Стави во сила закони и регулативи, вклучително и Законот за странски инвестиции, за заштита на легитимните права и интереси на странските инвеститори.

Во меѓувреме, во 2013 година, во Шангај беше формирана првата пилот зона за слободна трговија. Денес, бројот на такви зони достигна 21, вклучувајќи го и целиот остров Хаинан.

„Кина ги усвои клучните чекори за продолжување на интеграцијата со регионалните и глобалните економии и покажа волја за дополнително промовирање на домашниот пазар“, рече Исмаел Бјукенан, виш предавач на Катедрата за политички науки на Универзитетот во Руанда.

Во интервјуата за Ксинхуа, многу деловни лидери рекоа дека тековните напори на Кина да се отвори, заедно со други фактори, како што се огромниот домашен пазар и комплетниот индустриски синџир, ја зголемија нивната доверба во инвестирањето во оваа азиска земја.

„Кинеските реформи и напорите за отворање ја покажуваат позицијата на земјата да ја промовира економската глобализација и да ги поттикне странските инвестиции во земјата, поставувајќи мерки и системи за изедначување на третманот на странските и домашните инвеститори и дополнително ја зајакнува нашата доверба во инвестициското партнерство со конеските компании“, рече Мајкл Гелчи, главен извршен директор на компанијата Луис Драјфус, компанија со седиште во Европа.

Инаку, веќе станува неспорно дека отпорната економија на Кина вбризгува повеќе позитивна енергија во глобалното економско закрепнување во ерата по пандемијата на КОВИД-19, велат експертите од Камбоџа.

А дека кинеската економија го задржа својот тренд на закрепнување во јули, покажуваат главните економски показатели, кои говорат за постојан раст, и покрај избувнувањата на КОВИД-19 што се случуваат во Кина, како и топлотните бранови.

Кинеското индустриско производство со додадена вредност се зголеми за 3,8 отсто на годишно ниво во јули и за 0,38 отсто во однос на јуни, покажаа податоците на Националното биро за статистика на Кина (НБС). Продажбата на мало на стоки за широка потрошувачка во Кина се искачила за 2,7 отсто на годишно ниво минатиот месец, при што продажбата на стоки за надградба на потрошувачката како накит и апарати за домаќинство брзо се проширила.

Кин Феа, генерален директор на Институтот за меѓународни односи при Кралската академија на Камбоџа, вели дека кинеската економија останува отпорна и покрај влијанијата на пандемијата и зголемената глобална инфлација, благодарение на нејзините ефективни мерки против пандемијата и економските политики кои го поддржуваат растот.

КИНА СТАНА СТАБИЛИЗАТОР НА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ НА СНАБДУВАЊЕ

„Со серија мерки за стимулирање на економијата во сила, предвидувам дека кинеската економија ќе продолжи силно да закрепнува во втората половина од оваа година, поттикната од тековните зголемувања на индустриското производство и потрошувачка, како и иновациите“, изјави тој за Ксинхуа.

„Отпорноста на кинеската економија не е само благодет за самата Кина, туку и за остатокот од светот, бидејќи Кина стана стабилизатор на глобалните синџири на снабдување од почетокот на пандемијата“, додаде тој.

Феа рече дека одржливото и стабилно закрепнување на кинеската економија дава поттик за закрепнување на глобалната економија.

„Кина е локомотива на глобален раст со децении и нема сомнеж дека втората по големина светска економија ќе продолжи да биде важен мотор на глобалниот раст во децениите што доаѓаат“, рече тој.

Инаку, официјалните бројки говорат дека Бруто домашниот производ (БДП) на Кина се зголеми за 2,5 отсто во првата половина од оваа година, а надворешната трговија со стоки на земјата скокна за 10,4 отсто на годишно ниво - на 23,6 трилиони јуани (околу 3,5 трилиони американски долари) во периодот јануари-јули оваа година.

Џозеф Метјуз, виш професор на Меѓународниот универзитет BELTEI во Пном Пен, рече дека силниот трговски раст на Кина јасно ја одразува закрепнувањето на глобалната трговија и економија.Метјуз рече дека Кина во голема мера придонесува за економскиот развој на светот преку Иницијативата „Појас и пат“, Дигиталниот пат на свилата, зелената економија и сината економија.

„Единствениот начин да се врати глобалната економија на ниво пред пандемијата е да работиме заедно како една глобална економија и еден глобален пазар“, рече тој.

Фото: ЕПА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!