18 Декември, 2025
0.0596

КИНЕСКИ МЕДИУМИ: „Дојде време Западот да плати за своите гревови“

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2015 11:41

Добивај вести на Viber

Верските и културолошките тензии со кои се соочува Западот се всушност историска наплата за ропството и колонијализмот, оценуваат кинеските државни медиуми, коментирајќи го притоа нападот на редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“. „Она низ што поминуваат развиените општества на Западот секако е наплата за нивните историски дела како ропството и колонијализмот кои доведоа до денешните демографски структури“, наведува везникот „Глобал Тајмс“, препознатлив по својот националистички тон. „Кога повторно ќе биде воспоставен мир, доколку Шарли Ебдо продолжи со својот став за исламот, француската влада ќе биде поставена во многу тешка позиција и ќе стане симбол на судирот на цивилизациите во Европа“, оценува кинескиот дневен весник. Во воведниот дел на овој весник стои дека неодамнешниот марш во Париз и во другите градови нема да претставува средство со кое би се „смирила болката“, ниту пак дека ќе биде средство кое ефикасно ќе може да се справи со „интензивирањето на судирите на цивилизациите“. „Наспроти масовноста, маршот на солидарноста во Париз е како на тешко забелен пациент да му дадете средство за смирувањ на болките“, се вели во текстот на весникот каде се оценува дека таквите собири „тешко дека ќе дадат значајни резултати“. Кинеската агенција „Синхуа“ оценива дека нападот врз „Шарли Ебдо“ не може да се поедностави и да се претстави како напад на слободата на медиумите, бидејќи и слободата мора да има свои граници, кои се однесуваат на навредите, потсмевот и омаловажувањето на религиите како и верувањето на другите луѓе. „Крајно време е западниот свет да ги преиспита вистинските причини за тероризмот, како и ограничувањето на слободите на медиумите, со што би се избегнале голем број насилства во иднина“, оценува оваа кинеска агенција. Кина минатата недела се приклучи кон осудувањата на нападот врз „Шарли Ебдо“, но властите на оваа земја истовремено наведоа и дека провокативните карикатури на овој магазин „повикуваат кон насилство“.  

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија