Кинеските научници направија маска која го открива Ковид-19 за 10 минути
Објавено во: Свет 22 Септември, 2022 14:26
Кинеските научници развија маска која може да го открие
вирусот Ковид 19 или грип во воздухот и да ги предупреди оние што ја носат ако
биле изложени на вирусот по 10-минутен разговор со заразено лице.
Сензорите прикачени на маската можат да реагираат на само 0,3 микролитри од вирусот во воздухот, откривајќи го вирусот ковид 19 и вирусите на грип H5H1 и H1N1 во воздухот во рок од 10 минути и испраќаат известувања до уредот, prenesuva China Media Group ( CMG).
Студијата, предводена од шест соработници научници од Универзитетот Тонги во Шангај, беше објавена во научното списание Matter на 19 септември.
Новиот уред, кој се монтира надвор од маската и има литиумска батерија што се полни, беше тестиран со прскање патогени врз него во затворен простор, симулирајќи реално сценарио каде некој зборува или кашла.
Сензорите реагирале на течност во количина од 70 до 560 пати помала од онаа што се создава со кивање, испраќајќи предупредувања до безжични уреди како што се телефоните.
Долгорочната пандемија поттикна масовно носење маски. Сепак, олеснувањето на мерките поврзани со Ковид 19 во многу земји доведе до пад на употребата на маски.
Истражувањето на компанијата Axios-Ipsos на почетокот на септември покажа дека 37 отсто од Американците носат маска надвор од дома, што е значително помалку од 89 отсто пред две години.
Сепак, употребата на маски сè уште е широко распространета во некои земји, вклучително и Кина, која се придржува до строгата политика за нулта ковид. Исто така, многу луѓе продолжија да носат маски за да се заштитат од вирусот без оглед на официјалните препораки.
Фото: unsplash
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




