КИНЕЗИТЕ ИМААТ ЛАБОРАТОРИЈА НА НАДУВУВАЊЕ: Внатре прават 30.000 тестови дневно
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Лабoраторија на надувување има во градот Пекинг. Ја нарекуваат „огнено око“, а во неа се вршат тестови за коронавирусот.
Таа е со капацитет од 30.000 тестови со нуклеинска киселина на ден.
Лабораторијата наречена „Оггнено око“ има девет комори на надувување, од кои три комори се користат за примање примероци, а во другите шест комори има 14 автоматски машини за тестирање.
Секоја машина може да тестира 96 примероци во исто време.
„Работата на овој вид лабораторија значително ќе ја зголеми ефикасноста на тестовите за нуклеинска киселина“, изјави Лиу Ксинг, претставник на кинеската компанија за биолошка технологија и геномика БГИ.
Кина денес објави значително зголемување на новите случаи на коронавирус. Во последните 24 часа потврден е 21 нов случаj, од кои 17 се во Пекинг.
Во земјата се регистрирани 83.483 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.