Добивај вести на Viber
Просторниот план за каналот Морава до Македонска граница ќе биде завршен до крајот на јули, потврди српската Влада, пишува РТС. Министерот за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевич вели дека за таа инвестиција не се заинтересирани само Кинезите, туку и Русија и САД. Реализацијата на проектот зависела од студијата за изводливост која ја работи кинеска компанија „Гезоба Груп “ со која Србија во јануари потпиша договор.
Пловниот канал Морава, за ресорниот министер, е најголема рзавојна можност за Србија. Ако студијата за изводливост покаже оправданост од ваква инвестиција, проектот би се реализирал фазно. Студијата за изводливост, Србија нема да ја чини ниту цент, бидејќи како што велат тоа е кинески подарок.
„Не е фаворизирана Кинеската страна. Тие први се појавија и ни направија добра услуга, а тоа е да дојдеме до еден ваков важен документ кој се нарекува студија на изводливост без финасиски вложувања. За сиромашниот човек е скапо се. Ако ние нешто добиеме на подарок, зошто да го одбиеме“, потенцирал Бачевич. Тој уште потенцираше дека сакал да и соопшти на јавноста дека Србија со ваков проект и изработка на студија за изводливост нема да ја задолжи државата и граѓаните ниту еден цент.
„Се тоа беа шпекулации на злонамерните противници на овој проект. Србија нема поголема развојна шанса ниту пак ќе ја има за вековите пред нас“, истакнал Бачевич.
Прв состанок на работната група за каналот Морава
Во Белград е одржан прв состанок на заедничката работна група за Моравскиот пловен канал. Кинескиот партнер, „Гезоба груп“ ја превзела неопходната документација за изработка на студија. Таа компанија која ја гради и најголемата хидроелектрана на светот „Три клисури“, со инвестиции е пристуна во цела Европа.
„Политички и економски, Кина и Србија се добри пријатели. Ние нема да бараме ништо, ние имаме огромно искуство кое ќе го споделиме со српската страна. Тоа е нашата цена“, нагласил извршниот директор на „Гезоба Груп“, Јуан Јифау.
Просторниот план, велат, нема да биде во функција само за пловниот канал, туку ќе има повеќекратна намена.
„Заштита на земјоделството, заштита од вода, ерозија, Природно-економски, социјални аспекти, градови покрај Морава, пристаништа, земјоделски центри, индустриски и слободни царински зони“, истакнува в.д директорот на републичката агенција за просторно планирање Драган Дунчич.
Министерот Бачевич подсети на неодамнешниот состанок на ЦЕФТА во Скопје веќе се разговарало за проектот Дунав – Морава - Вардар и најави наскоро средба со македонскиот премиер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: