06 Декември, 2025
0.0282

Кинезите задоволни, каналот Дунав-Морава-Вардар се поблиску до Македонија?

Објавено во: Балкан 31 Мај, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Претставници на кинеските компании кои почнаа со собирање на податоци за изработка на студија за оправданоста на изградбата на Каналот Морава, велат дека е добра пловноста од Смедерево до Љубичевски мост кој се наоѓа во близина на Пожаревац. Претставник на кинескиот работен тим Хуанг Лин е задоволен од прва посета и од она што го видел во првиот дел од изградбата на Каналот Моравана, кој моментално е со должина од 30 километри и вели дека проектот е многу важен за регионот и за целата територија на Србија. Државниот секретар на Министерството за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија, Срѓан Белиј изјавил дека кинеските експерти за време пловидбата ќе можат да го утврдат хидролошкиот режим на реката, нивото на водата, пловноста, а потоа да ги снимат надолжните и страничните профили на реката , да се идентификуваат точките кои можат да бидат ограничувачки фактори за пловидбата и да научат за физичко-географските карактеристики на реката. Кинеските претставници наредниот период ќе пловат и ќе собираат податоци по течението на Западна и Јужна Морава. Специјалниот советник на министерот за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Пунишч, посочи дека каналот од Дунав во близина на Смедерево, Велика Морава и Вардар до Солун ќе биде многу важен за српската економија, бидејќи Србија има нова река коридор на која би се изградиле хидроцентрали и ќе се обезбеди наводнување на земјоделско земјиште во таа област, односно по должината на каналот што тече паралелно со Коридорот 10. Тој исто така рече дека на тој пат има културно и историско наследство и дека изградбата на каналот ќе придонесе за развој на туризмот во Србија.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии