Кипар добива кредит од 100 милиони евра од ЕИБ
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2013
Европската инвестициска банка ќе додели на Кипар кредит во вредност од 100 милиони евра, пренесува БТА.
Претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер утре пристигнува во посета на Никозија каде ќе се сретне со кипарскиот претседател и министерот за финансии, со кои ќе потпише договор за кредит во вредност од 100 милиони евра.
Средствата ќе бидат искористени за реализирање на проекти кофинансирани од Европскиот Кохезионен фонд и структурните фондови на Европската унија