Кипарска фирма сака да го преземе „Макпетрол“?
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2016 17:30
Во „Утрински весник“ денеска се објави следниов оглас: „Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Макпетрол АД Скопје дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво Макпетрол АД по цена од 25.908 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“.
Потпишани на оваа понуда, која била испратена и во архивата на „Макпетрол“, се директорот Васили Евдокимов и ополномоштено лице Петар Стојановски.
Денешната цена на акцијата на „Макпетрол“ беше 19.774 денари. Понудената цена е 25.908 денари. Вкупниот број на акциите е 112.382, а книговодствената вредност на една акција е 30.250 денари. Според понудената цена од 25.908 денари, тоа значи дека „Балкан петролеум“ треба да обезбеди гаранција од околу 47 милиони евра.В сабота е закажано собрание на акционери на „Макпетрол“.
Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје на денешната седница го разгледа дописот за „намера за преземање" и констатира дека по истиот не може да постапува затоа што не е доставено полномошно за поднесителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за преземање согласно Законот за преземање на акционерските друштва, соопшти „Макпетрол".
Во соопштението се вели дека „Макпетрол“ досега никогаш немал контакти со лицето кое, со некомлетна документација, има пројавено „намера за превземање“.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




