Кипарското евро
Објавено во: Анализа 23 Јули, 2013
Кипарскиот бизнисмен Мариос Лукаидес пронашол стан во Атина вреден 170.000 евра кој му се допаднал и решил да го купи. Во оваа приказна веројатно нема ништо чудно, со оглед на тоа дека жителите членки на еврозоната би требало без проблем да можат да префрлаат парични средства од една во друга земја. Сепак тоа денеска во Кипар не е можно.
Кога се вратил дома Лукаидес сфатил дека купувањето на станот ќе мора да почека затоа што поради контролата на движењето на парите има забрана за трансфер на пари надвор од Кипар. Денеска Кипар која е исклучително мала економија споредено со целата Унија (20 милијарди долари, споредено со 9,5 билиони на целата Унија) има всушност евро кое не може да се користи на начин на кој што го користат и останатите членки. Поради проблемите кои ги имаа банките во оваа земја и поради големината на нивната актива споредено со економијата земјата воведе строги движења на капиталот. Иако за ова не се зборува гласно, всушност ваквата ситуација е исклучително чудна, затоа што целата суштина на постоење на еврото е негово слободно движење низ сите економии кои го користат за своја национална валута. Според некои кипарски економисти замрзнувањето на слободното движење на капиталот е исто како Кипар да ја напуштил еврозоната, само што тоа не се зборува јавно. Ниту една земја досега која го користи еврото, па ни Грција нема воведено вакви забрани. Забраните се доста широки, па така не е дозволено да се вадат повеќе од 300 евра на ден во кеш и повеќе од 500 евра за фирми. Забрането е да се изнесе поголем кеш од 3.000 евра. Трансферите поголеми од 300 или 500.000 фирми за физички лица и за фирми надвор од земјата мора да добијат одобрение д централната банка. И за помалите трансфери како оној на Лукаидес, мора да биде презентирана обемна документација и повторно не е сигурно дека истите ќе бидат одобрени. Вакви слични забрани имаше Исланд, но сепак таа земја не е члека ниту на Унијата, ниту на еврозоната. Од една страна сите велат дека оваа ситуација не е добра, од друга страна истите се плашат што ќе се случи со капиталот кога забраните ќе бидат тргнати. Бидејќи во Кипар во овој момент ни банките не си веруваат на себеси, а населението од порано ја загубило довербата. Веројатно како и повеќе проблеми во Унијата и ова ќе биде ставено под тепих уште некое време, надевајќи е вистинска онаа мисла дека времето лечи се. Редакција Фактор* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.