Кисела Вода доби нов зелен пазар
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2013 14:03
Во населбата Кисела Вода денеска е пуштен во употреба новиот зелен пазар „Расадник“. Пазарот се наоѓа на улицата „Франк Харкорд Манинг“, спроти паркот „Македонија“. Околу 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи се потставени на површина од околу 250 метри квадратни. На пуштањето во употреба на пазорот присуствуваа и Градоначалникот на општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев и директорот на ЈКП „Комуналец - Кисела Вода“ Дојчин Алексовски.
- Изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи. Ова е само прва фаза од изградбата на целосниот комплекс на пазарот. Следниот период општината ќе инвестира во нов јавен паркинг од 1.000 метри квадратни и два нови јавни тоалети за сите посетители на зелениот пазар, изјави Ѓорчев.
Во рамки на пазарот има чешма за вода, монтажни тоалети, а обезбеден е и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.
- Работното време на пазарот е од 06 до 18 часот во летниот период и од 07 до 17 часот во зимскиот период. Во недела и во државни празници, пазарот ќе работи од 06 до 17 часот, рече Алексовски.
Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП „Комуналец – Кисела Вода“. За изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Бортас“ од Скопје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





